Македонија Спорт

Приведен кумановец кој се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина на натпреварот во Куманово

Полицијата во  Куманово го лиши од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничел дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, известуваат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека на разговор биле повикани неколку лица во […]

Полицијата во  Куманово го лиши од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничел дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, известуваат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека на разговор биле повикани неколку лица во врска со натпреварот.

-Во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки против инволвираните лица, вклучително и кривични постапки, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.

-Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето на мирни и непречени спортски натпревари, полицијата ќе биде крајно ригорозна по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања врз база на национална, етничка или верска припадност и тоа ќе биде најстрого санкционирано, без никаква толеранција. Само спортското фер навивање и бодрење може да ни донесе успеси, победи и спортски радости, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија Спорт

Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите, заради забрзан напредок на државата

Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку интернет-обраќање обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство Герт Јан Копман, информира премиерот Христијан Мицкоски.

Професорите по економија во Македонија основаа национално професионално здружение

Здружението на професори по економија на Македонија беше официјално основано на Основачкото собрание, одржано во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје.

Инвестиција од 74 милиони денари во тетовската болница

„Ова е инвестиција во достоинството и безбедноста на пациентите, како и во подобри услови за здравствените работници. Нашата цел е граѓаните на Тетово и Полошкиот регион да добиваат модерни и навремени здравствени услуги, што е можно поблиску до нивното место на живеење“, нагласи министерот Клековски.

Славната спортска ѕвезда пристигна во Скопје во придружба на нејзиниот дечко, Јане Веселинов, кој потекнува од Македонија

Славната спортска ѕвезда пристигна во Скопје во придружба на нејзиниот дечко, Јане Веселинов, кој потекнува од Македонија, а работи како успешен менаџер во угостителскиот сектор во Мелбурн

To top