Свет

Дваесет загинати под превртен камион со помош за Газа

Толпи гладни луѓе рутински ја крадат помошта од камионите што се движат, рекоа локалните возачи

 

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа во среда соопшти дека 20 лица загинале кога камион со помош се превртел во близина на бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, јавува Гардијан

„Дваесет лица загинаа, а десетици беа повредени околу полноќ синоќа во камион што превезувал помош [кој] се превртел… додека стотици цивили чекале помош“, изјави портпаролот на агенцијата, Махмуд Басал, за агенцијата Франс-прес (АФП).

Хамас го обвини Израел дека ги принудува возачите на камиони да одат по небезбедни патишта за да стигнат до центрите за дистрибуција на помош. „Ова често резултира со очајни толпи што ги преплавуваат камионите“, се вели во соопштението на нејзината канцеларија за медиуми.

Одделно, вчера беше објавено дека возачите на камиони кои се обидуваат да достават помош во Газа изјавиле дека нивната работа станала сè поопасна во последните месеци, бидејќи луѓето очајно гладни, а насилните банди го пополниле вакуумот во власта оставен од владетелите на Хамас на територијата.

Толпи гладни луѓе рутински ја крадат помошта од камионите што се движат, рекоа локалните возачи. Според извештаите, некои камиони биле киднапирани од вооружени мажи кои работат за банди кои ја продаваат помошта на пазарите во Газа по превисоки цени.

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

Најнови вести

To top