Македонија

Иднината пристигнува во Скопје: Хуманоидни роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026

Скопје во знакот на иднината, најсовремените хуманоидни роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026, роботите што го менуваат светот пристигнуваат наскоро.

Роботизацијата веќе не е тема на иднината, туку реалност што го менува производството, логистиката и начинот на работа. За Македонија, нејзиното навремено прифаќање е можност за поголема продуктивност, развој на современи технички знаења и создавање работни места со повисока додадена вредност. Токму затоа, присуството на хуманоидните роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 отвора важна дискусија за тоа како домашните компании, образованието и институциите да се подготват за економијата што веќе доаѓа.

Токму во тој контекст, на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 во Скопје, благодарение на словенечката технолошка компанија Hiproject, ќе бидат претставени некои од најнапредните хуманоидни роботи во светот. Посетителите ќе имаат ретка можност да видат модели што се меѓу првите од ваков вид во Европа, но и да дознаат како Hiproject веќе развива и воведува хуманоидни роботи во реални работни средини — во индустријата, логистиката, фармацевтската индустрија, здравството, туризмот и други сектори. Ова е само дел од многуте активности кои не очекуваат на меѓународните саеми ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026, под мотото „Вклучи одржливи навики“,  а кои ќе се одржат во период од 29 до 31 октомври 2026 година, во T Арена во Скопје.

Два настани на едно место кои ќе ја претвори престолнината во центар на иновации, енергетика, технологија, недвижности и паметни решенија за иднината. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најновите решенија од областа на роботиката, автоматизацијата, обновливите извори на енергија, циркуларната економија, дигиталната трансформација и одржливиот развој. Саемот ќе ги обедини компаниите, институциите, експертите, стартапите и младите иноватори на изложбена површина од над 2.500 m².

Паралелно ќе се одржи и РЕАЛ ЕКСПО 2026, специјализиран саем за недвижности, на кој ќе се претстават градежни компании, инвеститори, агенции и професионалци од секторот со актуелни понуди, инвестициски проекти и развојни иницијативи од Македонија и регионот.

Покрај изложбениот дел, посетителите ќе можат да следат стручни презентации, панел-дискусии, промоции на нови производи и услуги, деловни средби и активности за вмрежување. Работното време на саемите ќе биде од 10:30 до 18:30 часот во текот на сите три дена. ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе бидат место каде што се среќаваат роботиката, иновациите, бизнисот и иднината.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

Јани Макрадули осомничен дека ја оштетил „Пошта“ речиси за 180 илјади евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

To top