Пратеникот Бојан Стојаноски, на социјалните мрежи сподели информавија дека Владата во првите 2 години од мандатот отплатила 2,31 милијарди евра главнина од државниот долг.
Тој вели дека тоа е речиси три пати повеќе споредено со 806 милиони евра што во истиот период од мандатот на претходната влада на СДСМ и ДУИ.
Во објава на Фејсбук, Стојаноски наведува дека разликата изнесува 187%, односно дека сегашната влада насочила 2,87 пати повеќе средства за отплата на доспеаната главнина.
Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада.
Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој.
Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира“, констатира Стојановски. .