Македонија

Во недела граѓаните носат конечна одлука за градоначалник на Брвеница

Излезноста ќе биде клучна

Во недела граѓаните на Брвеница ќе ја донесат конечната одлука за градоначалник. Во вториот круг се натпреваруваат Стојанчо Радичевски (ВМРО-ДПМНЕ) со 2.945 гласа од првиот круг и Аркин Јахији (ДУИ) со 2.152 гласа.

Решавачки би можеле да бидат гласовите на Јакуп Хусени од Вреди (1.528), Јовица Радевски од СДСМ (706) и двајцата независни кандидати. Етничката математика е речиси изедначена – околу 3.700 гласа на обете страни – но не мора да се оствари.

Во пресрет на гласањето се забележува зближување меѓу Вреди и ВМРО-ДПМНЕ. Копретседателот Билал Касами предупреди дека ако ДУИ води кампања само против Вреди, самите ќе ја изгубат општината. Собранискиот претседател Африм Гаши се изјасни против етничко гласање и повика да се гласа за најдобриот кандидат.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека од неговата коалиција никој не повикал на етничко гласање и апелираше граѓаните да не дозволат да ги делат.

Арбен Таравари претходно ги повика албанските партии да го поддржат Јахији, додека СДСМ соопшти дека нема да поддржи никого и ќе им остави на граѓаните сами да одлучат.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

To top