Македонија

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

-Нашата цел е да бидеме над 4000 гласа и со тоа цениме дека ќе имаме победа во Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата секогаш во избори влегува за да победи. Ние за разлика од политичките партии кои што се обединија околу против кандидатот, се обраќавме на жителите на Брвеница. Тие создаваа етничка поделба, без притоа да водат сметка дека тие ќе заминат на 2-ри, а таму ќе останат луѓето да живеат. И Македонци, и Албанци и останати. И христијани и муслимани. За жал, водеа една таква кампања која што не доликува за 21 век, но тоа е што е. Тие ценат дека така ќе добијат градоначалник повеќе во Брвеница, истакна премиерот.

Мицкоски рече дека таквите политичари имале можност повеќе од две децении да направат нешто, но оставиле нула.

-Мојата порака и до жителите на Брвеница и до македонската јкавност е дека кога одлучуваат за кого да го дадат својот глас треба да одлучуваат дали да го дадат за оние кои што имнаа можност во минатото повеќе од две децении да направат нешто, а не направија ништо, односно оставија нула и за овие кои што сега прават се ко што во минатото не било направено и тука нема етничка поделба. Заради тоа, јас би сакал уште еднаш да упатам порака до жителите на Брвеница и до жителите на Македонија дека ако сакаме да одиме напред мораме да зборуваме за проект повеќе и да зборуваме за додадена вредност во квалитет на животот на граѓаните, а не да се враќаме на политики на минатиот век, појасни Мицкоски.

Премиерот очекува изборниот ден да помине мирно и без инциденти и со тоа да покажеме де сме здрела демократија.

-Тие се гума за спасување на политичари кои припаѓаат во минатиот век и тие така ја гледаат оваа кампања во Брвеница. Но, на крајот на денот во недела ќе видиме каков ќе биде резултатот. Очекувам да мине мирно, да нема инциденти и на тој начин да покажеме дека сме зрела демократија, што всуштост и го покажуваме бидејќи, мирот кај нас не доведен под знак прашалник додека во околината, во соседството и насекаде во Европа имаме прилично тензична состојба во одредени глрадови, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Најнови вести

To top