Македонија

Сиљановска-Давкова со амбасадорите во Брисел: Европскиот пат останува приоритет

Земјава останува посветена на интеграциите и покрај тековната блокада

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел оствари средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Разговорите се однесуваа на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од регионот.

На средбата со претставниците на Хрватска, Грција, Унгарија, Италија, Словачка и Чешка, претседателката им се заблагодари за поддршката што овие земји ѝ ја даваат на Македонија во евроинтегративниот процес. Таа истакна дека, и покрај блокадата на пристапните преговори, земјава останува цврсто посветена на патот кон Европската Унија.

Како доказ за оваа посветеност ги посочи усогласеноста на македонското законодавство со правото на ЕУ, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, како и забрзаното спроведување на Реформската агенда – што е забележано и во последниот извештај на Европската комисија.

Сиљановска-Давкова изрази очекување дека забрзувањето на пристапниот процес на Македонија и пошироката интеграција на Западен Балкан ќе бидат меѓу приоритетите на претстојните претседателства со Советот на ЕУ, особено за време на грчкото и италијанското претседателствување.

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот на средба во ПИОМ: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

Нови правила и инвестиции во паметни броила за побрза енергетска транзиција

Граѓаните можат да видат дали нивното броило е прочитано или не во својата сметка, каде што ако стои ознака О се работи за прочитано броило, а ако стои ознака М се работи за паушално одреден износ.

Рокас: Оваа година има поголем напредок наспрема 2025, но не се завршени уставните промени, договорени во 2022

– Во овогодинешниот извештај е забележан поголем напредок во однос на минатата година, особено во областите за дигитална трансформација, истражување, наука, образование, како и во преземањето чекори во владеењето на правото – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.

Министерство за транспорт: СДСМ и ДУИ ги уништија „Македонски железници“, Обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Јавните претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примиле двата Ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во Ревизорскиот извештај, кој е изготвен на барање на актуелните раководства во двете јавни претпријатија се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, информираат од Министерството за транспорт.

To top