Бизнис

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

За забрзување на енергетската транзиција, покрај законската регулатива, неопходни се инвестиции во паметна мрежа која ќе овозможи соодветен развој на пазарот. Според податоците презентирани во „Белата книга“, социо-економска студија изработена од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, вкупните инвестиции на ЕВН Македонија од 2006 година досега, изнесуваат 850 милиони евра. Преку овие инвестиции зајакната е економската стабилност на земјата и создадени се технички услови за брза и ефективна енергетска транзиција. Гледано по инфраструктурни проекти, во овој период била изградена 5.561 км нова мрежа и реконструирани 3.056 километри постојна мрежа, модернизирани биле 1.761 трафостаници и изградени 1.368 нови.

Во 2024 година инвестирани се рекордни 75,6 милиони евра на годишно ниво, во енергетска инфраструктура и имплементација на нови иновативни решенија. Инвестициите значително ја подобриле состојбата во енергетскиот систем и овозможиле развој, на што укажува податокот дека за речиси 40% биле намалени загубите на струја во мрежата. Според најавите, вкупните инвестиции на компанијата треба да надминат една милијарда евра.

Енергетската транзиција ќе донесе промени на пазарот, но според искуствата на другите земји, ќе влијае и на цената на струјата во наредниот период. По правило цената, меѓу другото, го одразува и континуитетот на вложувањата во развојот и унапредувањето на услугите.

Подготовка на дистрибутивната мрежа на системот е главен предуслов за граѓаните да ги почувствуваат придобивките од енергетската транзиција.  Подготовката на енергетскиот систем во целина треба да продолжи и во следниот период, а неопходно е да се забрза и имплементацијата на регулативата од оваа област.

Министерството за енергетика и минерални суровини го подготви пакетот „Чиста енергија“,  кој предвидува модернизација на енергетскиот сектор и поактивно учество на потрошувачите на пазарот. Со Законот за енергетика, донесен во мај 2025 година, се поставува основата за развој на паметни мрежи и мерни системи, унапредување на правата на корисниците и приближување на домашниот пазар кон европските правила.

Пошироката рамка за промените ја дава Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030, усвоен од Владата на предлог на Министерството. Планот содржи 61 мерка, меѓу кои 26 за декарбонизација, 20 за енергетска ефикасност и 11 за развој на внатрешниот пазар на енергија. Предвидените активности ги поврзуваат новите инвестиции во сончева, ветерна и хидроенергија со развојот на системи за складирање, модернизација на инфраструктурата и регионалната енергетска соработка. Веќе е изготвена техничка и економска анализа на сите трошоци и придобивки за пазарот, како и за зголемување на енергетската ефикасност од воведувањето паметни мерни системи од страна на Електродстрибуција. Оваа анализа е законска обврска на компанијата, а истата е доставена до Регулаторната комисија за енергетика, како и до Секретаријатот на Енергетската заедница.

Откако Регулаторот ќе даде препорака, Владата треба да донесе одлука за воведување на паметни мерни системи, во која ќе се утврди динамиката на воведување од страна на операторот на електродистрибутивниот систем.

Паметните броила ќе овозможат подобро планирање и управување со енергетските системи и услуга со подобар квалитет за корисниците, а тие ќе имаат и суштинска улога на пазарот во ерата на енергетската транзиција. Нивната улога е важна и од аспект на создавање на можности за спојување на домашниот пазар на електрична енергија со оној на ЕУ, а овој модел ќе придонесе и за поголема декарбонизација, како и за зголемување на учеството на обновливи избори во енергетскиот микс на земјата согласно насоките од Унијата.

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Најнови вести од: Бизнис

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

Комерцијална банка е прва и единствена од Македонија на топ листата на Форбс

Од лидер на домашниот пазар до банка препознаена на глобалната финансиска сцена, Комерцијална банка продолжува да поставува повисоки стандарди, да создава долгорочна вредност и да го претставува македонското банкарство меѓу најуспешните банки во светот.

(Видео): Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите, рече гувернерот

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

To top