Македонија

Меџити: Војната на УЧК во Косово, Прешево и Македонија беше праведна

Поддршка на вчерашниот протест под мотото за „Правда за ослободителите“ (на поранешните припадници на УЧК) што се одржа во Приштина

„Мојот став беше и останува принципиелен и непоколеблив: Војната на ОВК во Косово, онаа во Прешево, како и во Македонија, беше праведна, разумна и чиста!
Ова беше војна за државност, за еднаквост и за заштита на албанскиот идентитет на земјите од поранешна Југославија. Светот ги препозна и ги казни агресорите и сторителите за злосторства против Албанците.
Секоја тенденција денес да се изедначи сторителот со жртвата е неприфатлива, без разлика дали е според нормите на меѓународното право или според принципите на обичајното право“, објави Меџити на Фејсбук.
Објавата на првиот вицепремиер и кандидат за иден градоначалник на Чаир, е реакција, но и поддршка на вчерашниот протест под мотото за „Правда за ослободителите“ (на поранешните припадници на УЧК) што се одржа во Приштина.
Протестот во Приштина се одржа „против неправдата“ што наводно ја извршил Специјализираниот косовски суд со седиште во Хаг, против поранешните водачи на  ОВК обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Вчера, илјадници ветерани од војната во Косово и граѓани протестираа во Приштина против судското тело поддржано од Европската Унија со седиште во Хаг, Холандија.
Судот ги гони поранешните лидери и борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК/УЧК) за наводни воени злосторства извршени за време и по војната во 1998-99 година.
Демонстрантите, обединети под слогани како „Заедно против неправдата. ОВК е слава, а не обвинение“, цврсто ја отфрлија легитимноста на судот,

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top