Македонија

Прoдадени станови и куќи на должници – УЈП присилно почна да наплаќа

Управата за јавни приходи апелира до сите граѓани и правни субјекти навремено да ги исполнуваат своите даночни обврски. Неплаќањето на данок навреме предизвикува сериозни финансиски и правни последици.

Управата за јавни приходи присилно наплати околу 314.230 евра од даночни обврзници преку продажба на недвижен имот. Преку е-аукција во јули продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 квадратни метри и тоа: стан од 72 м² (Охрид), деловен простор од 111 м² (Струмица), земјиште од 103 м² (Прилеп) и просторија на мезанин од 17 м² (Скопје). Вкупната постигната продажна вредност на недвижниот имот изнесува 13.289.807 денари (215.045 евра).

На одделни месечни аукции УЈП продаде и 26 движни предмети, меѓу кои патнички и товарни моторни возила, како и 10 машини за шиење и кроење. Вкупната вредност на овие предмети изнесува 6.129.604 денари (99.177 евра).

– Од постигнатата цена на аукција, прво се наплаќаат трошоците за постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг на даночниот обврзник – велат од УЈП.

УЈП имала и две неуспешни аукции на недвижен имот, по што овој имот кој вреди 536.794 евра завршил во сопственост на државата. Станува збор за деловна просторија од 21 м² (Прилеп), земјоделско земјиште од 13.333,92 м² (Кавадарци), деловен простор од 259 м² и викендица од 91 м² (Струмица), два стана од по 93 м² (Битола).

– Државата се стекнува со имот од неплатени даночни обврски кога имотот нема да се продаде на две е-аукции. Во таков случај долгот на должникот се отпишува за 50 отсто од проценетата вредност на имотот кој преминува во државна сопственост – појаснуваат од УЈП.

Согласно законските овластувања, УЈП спроведува електронски аукции (е-аукции) како дел од постапките за присилна наплата на даночни долгови а мерката се применува во случаи кога даночните обврзници не ги подмируваат своите обврски доброволно и откако ќе бидат исцрпени другите, поекономични методи за наплата.

УЈП апелира граѓани и правни субјекти навремено да ги исполнуваат своите даночни обврски.

– Неплаќањето данок навреме предизвикува сериозни финансиски и правни последици. Се акумулираат камати и казни, се покренуваат постапки за присилна наплата, а во крајна инстанца може да дојде до одземање на личен или деловен имот – велат од УЈП.

Управата за јавни приходи апелира до сите граѓани и правни субјекти навремено да ги исполнуваат своите даночни обврски. Неплаќањето на данок навреме предизвикува сериозни финансиски и правни последици. Се акумулираат камати и казни, се покренуваат постапки за присилна наплата, а во крајна инстанца може да дојде до одземање на личен или деловен имот.

Исполнувањето на даночните обврски не е само законска обврска – тоа е чин на одговорност кон себе и кон заедницата. Со навремено плаќање, граѓаните и компаниите придонесуваат кон стабилна економија, функционални институции и повеќе средства за проекти кои нудат поквалитетни услови за живот за сите. Даночната обврска е законска должност. Неплаќањето не е избор – тоа носи последици.

Најнови вести од: Македонија

Гласна реакција на Арифи околу извиците „Гасна комора за Албанците“ и „Смрт за Албанците“, но „заглушувачка тишина“ за „Велика Албанија“ и „Илирида“

Секое недозволиво нарушување на јавниот ред со етничка мотивација и секакви неприфатливи етнички навреди од кого било кон кого било треба да бидат третирани исто и принципиелно, а не со различно етничко гледање врз нив, зависно од етникумот на кого му се припаѓа

Трговците и производителите на храна на средба со министерот за економија – што си кажаа?!

Мерки за зашита на стандардот нма граѓаните нема, а инфлацијата стигна на 4.8 проценти. Мора да се има позитивни чекори, ако не сакаат трговците да има санкции, вели министерот за економија.

Димитриеска-Кочоска: Со голема тага се простуваме со голем професионалец на Царинската управа

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на социјалните мрежи објави дека починал помошник директор на Царинската управа, Марјан Тасевски. Го опишува како скромен и посветен.

Во Чаир се отвори новиот објект „Бамби“ на градинката „Фидани“

Свечено отворена градинката „Бамби“ во Чаир. Оваа градинка ќе ги прифаќа децата од 9 месеци до 6 години, и покрај групите на албански, ќе има и групи на турски и босански јазик. За време на свеченото отворање , првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, ја истакна важноста на овој објект, кој се смета за најголем, […]

To top