Бизнис

Најскап квадрат во скопски Карпош – 3121 евра, а во Центар 63 квадрати чинат „само“ 200.000 евра!

Во овој квартал највисока цена од 3.121 евро на становите е постигната во општина Карпош каде што за стан од 41 квадратен метар се платени 128.000 евра.

Пазарот на недвижнини во третиот квартал од годинава бележи пад во однос на вториот квартал, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини објавени во последниот Извештај.

Во овој квартал бројот на продадени станови се намалил за 14%, додека бројот на станови што се издаваат под закуп пораснал за дури 45%. Највисока цена од 3.121 евро на становите е постигната во општина Карпош каде што за стан од 41 квадратен метар се платени 128.000 евра. Најскапо продаден стан кај инвеститор е со големина од 63 квадратни метри, а за него сопственикот платил околу 200.000 евра.

Според овие податоци, регистрирани се 7.679 трансакции со недвижности, што претставува намалување од 8,2% во споредба со вториот квартал. Намалувањето е особено изразено кај купопродажбите, чиј број се намалил за 12,1%. Од друга страна, бројот на склучени договори за закуп се зголемил за 2,8%.

Бо овој квартал најголем број на трансакции за купородажба на недвижнини има во општина Центар, вкупно 562 трансакции, што е помалку за 2% во однос на претходниот квартал.

Покрај бројот на транскации во овој квартал намалена е и нивната вредност која во третиот квартал изнесувала 339 милиони евра, што е за 3,6% помала од онаа во вториот квартал.

Најголемиот дел од оваа сума, односно 337,8 милиони евра, се однесува на купопродажби на недвижности, додека регистрираната вредност на закупите изнесува 1,1 милион евра.

Кај купопродажбите финансиската вредност е намалена за 3,6%, додека кај закупите е забележан пад од 10,2%.

Во овој квартал највисока цена од 3.121 евро на становите е постигната во општина Карпош каде што за стан од 41 квадратен метар се платени 128.000 евра.

Најскапо продаден стан кај инвеститор, е со големина од 63 квадратни метри, а за него сопственикот платил околу 200.000 евра.

Кај закупите забележан е раст на бројот на закупени станови од 45%, и зголемување на вкупната месечна закупнина за 31% во споредба со претходниот квартал.

Според Катастарот, и покрај силниот раст на закупите на станови, вкупната регистрирана вредност на закупите на сите видови недвижности е намалена за 10,2%.

Од Агенцијата за катастар на недвижности оценуваат дека пазарот покажува различни движења во двата сегмента.

„Нашата оценка е дека пазарот покажува различни движења во двата сегмента – намалена активност кај купопродажбите и умерен раст кај закупите по бројот на договори, но намалување на вкупната месечна закупнина“, се вели во Извештајот.

Најнови вести од: Бизнис

Клиентите на „АЛТА банка“ од сега можат да користат електронско и мобилно банкарство, се отвора и експозитура во Скопје

Клиентите на Банката од денеска, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

Станбен кредит со каматна стапка од 2,95% – Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

УЈП: Плати за септември не исплатиле навреме 25.343 работодавачи за повеќе од 72 илјади вработени!

Повеќе од 72 илјади вработени во Македонија се погодени, бидејќи не ја добиле навреме целосната бруто-плата за септември 2026 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Обврската во законскиот рок не ја исполниле вкупно 25.343 работодавачи.

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

To top