Бизнис

Станбен кредит со каматна стапка од 2,95% – Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

Купувањето дом е важна финансиска одлука, која бара внимателно планирање. Покрај замислата за идниот простор, важно е да се разгледаат и можностите за негово финансирање, во согласност со личниот буџет и долгорочните планови. Подеднакво важно е да се избере и вистинскиот финансиски партнер кој се грижи за вашиот буџет и за трошоците што ги носат купувањето и опремувањето на домот.

За полесно да ги остварите плановите за сопствен дом, НЛБ Банка нуди промотивни станбени кредити со атрактивна каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот. Станбените кредити вклучуваат животно осигурување или осигурување од незгода, што ви помага поспокојно да ја планирате иднината, со дополнителна заштита од непредвидени настани.

И тогаш кога ќе го пронајдете идеалниот простор, доаѓа желбата и потребата од негово уредување. Затоа, во рамките на промоцијата, НЛБ Банка покрај станбениот кредит нуди и бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун. Така, со поддршката за купувањето и за опремувањето на едно место, вашиот стан побрзо станува дом подготвен за нови спомени. Повеќе информации за понудата на веб страницата на НЛБ Банка, преку Контакт центарот на Банката (02/15-600) или во најблиската експозитура.

Најнови вести од: Бизнис

УЈП: Плати за септември не исплатиле навреме 25.343 работодавачи за повеќе од 72 илјади вработени!

Повеќе од 72 илјади вработени во Македонија се погодени, бидејќи не ја добиле навреме целосната бруто-плата за септември 2026 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Обврската во законскиот рок не ја исполниле вкупно 25.343 работодавачи.

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

Најнови вести

To top