Бизнис

УЈП: Плати за септември не исплатиле навреме 25.343 работодавачи за повеќе од 72 илјади вработени!

Повеќе од 72 илјади вработени во Македонија се погодени, бидејќи не ја добиле навреме целосната бруто-плата за септември 2026 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Обврската во законскиот рок не ја исполниле вкупно 25.343 работодавачи.

До 15 октомври, обврска за исплата имале 74.782 работодавачи за 553.040 вработени. Во предвидениот рок бруто-плата исплатиле 49.439 работодавачи, односно 66,11 отсто, за 481.003 вработени.

За преостанатите 72.037 лица, или околу 13 отсто од вкупниот број опфатени со обврската, не била навреме реализирана целосната исплата, која ги вклучува данокот на личен доход и социјалните придонеси. Податоците се однесуваат на состојбата до законскиот рок и не покажуваат дали заостанатите обврски биле подмирени подоцна.

УЈП објави и дека 98,5 отсто од месечните и 97 отсто од тримесечните даночни обврзници навреме ги поднеле пријавите за ДДВ. Рокот бил 26 октомври, бидејќи 25 октомври бил недела.

LANDOV Петров: СДСМ стана султан-партија со статутарните промени во времето на Заев
Обврска за плаќање ДДВ пријавиле 21.061 даночен обврзник, во вкупен износ од 5,578 милијарди денари. Во законскиот рок платиле 12.676 обврзници, односно 60,2 отсто, а биле уплатени 2,542 милијарди денари или 45,6 отсто од пријавениот износ. Тоа значи дека околу 3,036 милијарди денари останале неплатени до истекот на рокот.

Од УЈП информираат дека на обврзниците кои доцнат најпрво им испраќаат персонализирани известувања за доброволно подмирување на обврските. Доколку не постапат, следуваат опомени и присилна наплата од средствата на банкарските сметки, вклучително и нивна блокада.

Управата може да изрече и глоби за неподнесување даночни пријави, а целта на мерките е зголемување на навременото исполнување на законските обврски.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Најнови вести

To top