Првин, во 20.35 часот вчера во Чегране бил уапсен Х.С. (26), жител на селото. При преглед во автомобил„мицубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, којшто го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
При акцијата, пред домот на Х.С., со патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки се доближиле В. Ч.(24) и А. Н. (35), двајцата од Чегране, при што со возилото се обиделе да ги прегазат полициските службеници и им упатиле закани по животот, по што побегнале, но набргу, по преземени мерки, пронајдени се и лишени од слобода.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави, соопшти СВР Тетово.