Бизнис

Алта банка со нов состав на Надзорниот одбор

Сите именувани се со мандат од четири години

Давор Мацура, Уна Сикимиќ и Татјана Куљак се новите членови, а Вељко Мијушковиќ и Горан Коевски новите независни членови на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. Сите именувани се со мандат од четири години.

„По добивање на согласностите за именување на новите членови на Надзориот одбор на АЛТА банка АД Битола, им престанува мандатот на досегашните членови на Надзорен одбор“, информираа од битолската банка.

Освен тоа, преку објава на Македонска берза на јавноста и се соопштува дека Зарије Коралија влегува во Управниот одбор. Функцијата ќе ја извршува во мандат од една година.

„Поради комплетирање на целосен состав на Управниот Одбор, м-р Борислав Атанасовски не е повеќе вршител на должност – член на Управен одбор на АЛТА банка АД Битола“, наведено е во објавата.

Управниот одбор на Алта банка сега го сочинуваат Александра Радевска, која што е претседател и Зарије Коралија.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top