Бизнис

Двоцифрен раст на депозитите и на вкупната кредитна поддршка

Само во март, депозитите пораснале за 1,8 проценти на месечно ниво, главно поради зголеменото штедење на компаниите, додека кај домаќинствата е забележан благ пад. Кредитите, пак, на месечно ниво се зголемени за 1,4 проценти, што дополнително укажува на континуирано зголемување на кредитната поддршка во економијата.

Вкупните депозити во банкарскиот систем во март бележат годишен раст од 11,3 проценти, додека кредитната поддршка е зголемена за 13,1 процент, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Според централната банка, растот на депозитите доаѓа од зголемувањето кај двата клучни сектора – домаќинствата и компаниите, при што поголем придонес имаат граѓаните. Во исто време, кредитната активност продолжува да се засилува, при што зголемувањето е резултат на повисокото кредитирање и на фирмите и на домаќинствата, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Само во март, депозитите пораснале за 1,8 проценти на месечно ниво, главно поради зголеменото штедење на компаниите, додека кај домаќинствата е забележан благ пад. Кредитите, пак, на месечно ниво се зголемени за 1,4 проценти, што дополнително укажува на континуирано зголемување на кредитната поддршка во економијата.

Податоците покажуваат дека корпоративниот сектор има клучна улога во овој раст, со годишно зголемување на кредитите од 15 проценти, додека кредитите кај домаќинствата растат со нешто побавно, но стабилно темпо од 11,5 проценти. Овие движења укажуваат на засилена финансиска активност во економијата, со истовремено зголемување на штедењето и задолжувањето, што вообичаено се поврзува со раст на потрошувачката и инвестициите.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top