Бизнис

Е-фактура до крајот на годината и фронтална борба со сивата економија

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на официјалната посета на Словачка, денеска одржа работен состанок со својот колега Ладислав Каменицки. Во фокусот на разговорите беше дигитализацијата на даночните процеси, при што министерката најави дека системот за е-фактура во Македонија ќе биде целосно имплементиран до крајот на оваа година.

Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа во фокус на работниот состанок меѓу македонската и словачката делегација, предводени од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и словачкиот министер за финансии Ладислав Каменицки. Состанокот се одржа во рамки на официјалната посета на министерката Димитриеска-Кочоска на Словачка, а од Министерството за финансии информираат дека биле разгледани тековните макроекономски и фискални состојби, како и управувањето и евалуацијата на јавните инвестиции.

Посебен акцент бил ставен на дигиталните алатки во даночниот систем, меѓу кои е-фактура, е-фискализација и QR плаќања. Министерката истакнала дека искуствата на Словачка во оваа област се важен пример за зголемување на ефикасноста, транспарентноста и борбата против сивата економија.

Во рамки на разговорите била отворена и темата за Анализа на јавните трошоци (Spending Review), која согласно Реформската агенда 2024–2027 треба да започне во текот на годината и се очекува да придонесе за поефикасно и потранспарентно управување со јавните финансии.

Димитриеска-Кочоска посочила дека земјата е во фаза на воведување на системот за е-фактура, при што се очекува негова целосна имплементација до крајот на годината.

Таа се осврнала и на економските движења, истакнувајќи дека во 2025 година економијата забележала раст од 3,5 проценти, поттикнат од инвестициите, домашната побарувачка, инфраструктурните проекти и приватниот сектор. За 2026 година, Владата останува претпазлива поради глобалната неизвесност, но растот се очекува да се темели на инвестиции и структурни реформи.

  • Фокусот останува на стабилни јавни финансии, поддршка на инвестициите, дигитализација и борба против сивата економија – нагласила министерката.

Словачкиот министер Ладислав Каменицки изразил подготвеност за понатамошна размена на искуства и експертиза во областа на јавните финансии, дигитализацијата и реформските процеси.

Двете страни оцениле дека соработката меѓу Македонија и Словачка ќе продолжи да се продлабочува преку заеднички иницијативи и размена на добри практики, со цел економски развој и подобрување на условите за граѓаните и бизнисите.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top