Тема: е-фактура

Е-фактурата носи ново ниво на дигитализација и поголема правна сигурност за компаниите

Електронската фактура претставува една од најзначајните дигитални реформи што ја спроведува Управата за јавни приходи. Нејзината цел не е само да ја замени хартиената фактура со електронска, туку да воспостави целосно нов модел на дигитална комуникација помеѓу компаниите и даночната администрација. Со оваа реформа создаваме побрзи процеси, поголема правна сигурност, подобра даночна усогласеност и значително помал административен товар за компаниите.

УЈП ја започна третата фаза од проектот е-Фактура

Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури.

Е-фактура до крајот на годината и фронтална борба со сивата економија

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на официјалната посета на Словачка, денеска одржа работен состанок со својот колега Ладислав Каменицки. Во фокусот на разговорите беше дигитализацијата на даночните процеси, при што министерката најави дека системот за е-фактура во Македонија ќе биде целосно имплементиран до крајот на оваа година.

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура

УЈП ги повика сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање што може да ги надградуваат, веднаш да се вклучат во тестирањето.

Е-фактурата ќе ја намали сивата економија, смета Управата за јавни приходи

Од 1 јануари започнува пилот-фазата на проектот е-фактура, со кој се очекува да се намалат злоупотребите и фиктивните фактури, најавија од УЈП. Велат, системот е усогласен со меѓународни стандарди, лесен за интеграција во компаниите и обезбедува автоматска и безбедна размена на податоци. Пилот-тестирањето ќе се одвива во контролираната средина и ќе опфати ИТ компании и економски оператори со свои системи, а до крајот на првиот квартал ќе биде достапна и апликација за помалите компании.

To top