Бизнис

Една од најбрзо растечките и најиновативните банки во регионот е на чекор до проширување во Македонија

Во тек е оценка на понудата и финализирање на документацијата од Народната Банка на Македонија

 

Алта банка – една од најбрзо растечките и најиновативните банки во Србија и регионот е на чекор до влез на домашниот банкарски систем и проширување во Македонија.

 

Банката која важи за лидер во воведување на дигитални банкарски услуги и за една од  најиновативните финансиски институции во Србија, продолжува со својата стратегија за модернизација, дигитализација и проширување на своето присуство во регионот.

Алта Банка е препознатлива по воведување на современи дигитални решенија, напредни онлајн услуги и персонализиран пристап кон клиентите, што ја позиционира како доверлив и стабилен партнер за граѓаните и бизнисите.

Во рамките на својата регионална стратегија за развој, Алта банка изрази интерес за стекнување на контролен пакет акции и интеграција на Стопанска банка АД Битола. Овој процес претставува постапка на преземање во согласност со Законот за банки и со сите релевантни регулативи на Народната банка на Република Македонија. Процесот беше потврден и од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој во интервју за Newsmax Balkans изјави дека е во тек оценка на понудата и финализирање на документацијата, со очекување за изјаснување и од Комисијата за хартии од вредност.

Од нашите извори дознаваме дека целата потребна документација е веќе изготвена и доставена до надлежните органи, а во моментов се чека на формално одобрување од Народната банка.

По добивање на позитивно мислење и официјално одобрение, ќе биде спроведена целосната процедура на преземање, што вклучува и правна регистрација на промените во Централниот регистар и упис на новиот сопственички статус.

Овој чекор ќе овозможи дополнителен развој и стабилност на банкарскиот пазар во Македонија, носејќи со себе нови дигитални решенија, модерен пристап и засилена конкуренција која ќе биде во корист на клиентите.

 

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top