Бизнис

Ефикасната даночна политика – клучна за пад на неформалната економија и унапредување на даночната правичност

Учеството на УЈП на конференцијата претставуваше значаен придонес кон стручната и академската дискусија за унапредување на даночниот систем, намалување на неформалната економија и создавање услови за поголема даночна правичност и фер конкуренција.

????????????????????????????????????

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошниците директори, учествуваше на меѓународната академска конференција на тема „Даночна политика, нееднаквост и неформална економија“, која во периодот од 11 до 13 септември се одржа во Охрид. Конференцијата се реализираше во рамки на проектот „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и неформалната економија во Република Северна Македонија преку даночна регулатива“, финансиран од Владата на Македонија.

На тркалезната маса на тема „Експертски перспективи за клучните прашања во даночната политика“ учествуваа истакнати професори и истражувачи од областа на даночното право и економските науки од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Полска, Шведска и други земји. Тие ги пренесоа реформските искуства од други јурисдикции и даночни администрации, насочени кон создавање ефикасен и праведен даночен систем.

Директорката Петрова направи краток осврт на мерките на македонската даночна администрација за зголемување на даночната усогласеност, при што заклучи дека предлозите од научните кругови се совпаѓаат со добрите практики на даночните администрации. Како значајни инструменти во оваа насока, таа ги издвои дигитализацијата на даночните процеси, електронската размена на податоци, анализата на ризик и таргетираните контроли. Овие механизми, како што посочи, истовремено придонесуваат за намалување на административниот товар за даночните обврзници и за зголемување на ефикасноста на даночната администрација.

  • „Дигитализацијата не треба да ја гледаме само како инструмент за контрола. Таа треба да го намалува и трошокот на усогласеноста за даночниот обврзник“, рече директорката.

Директорката Петрова исто така посочи дека со дигитализацијата Управата за јавни приходи станува „складиште“ на податоци достапни за информирање на креаторите на политиките, со цел процена на ефективноста на тековните и воведување нови даночни мерки, со крајна цел даночниот систем да биде праведен и да не генерира социјална нееднаквост. На конференцијата беше нагласено и значењето на довербата и доброволното даночно усогласување како основа за одржлив даночен систем и фер деловно опкружување.

  • „Доброволното почитување не може да се изгради само со контрола и санкции. Потребна е доверба дека правилата се фер, дека се применуваат еднакво и дека формалниот бизнис е заштитен од нелојалната конкуренција“, истакна Елена Петрова.

Учеството на Управата за јавни приходи на конференцијата претставуваше значаен придонес кон стручната и академската дискусија за унапредување на даночниот систем, намалување на неформалната економија и создавање услови за поголема даночна правичност и фер конкуренција.

Најнови вести од: Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

To top