Македонија

Светската банка ги зголеми проекциите за Македонија

Економија

Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година и од 3 отсто во 2026 и 2027 година се процените на Светската банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за овие три години.

Процените и прогнозите ги отсликуваат податоците достапни до 20 септември 2025 година.

Според Светската банка, економскиот раст во Западен Балкан се очекува умерено да забрза во 2026 година и да закрепне до 2027 година, поддржан од зголемувањето на инвестициите и постепеното закрепнување на извозот. Според најновиот извештај, за да се одржи напредокот кон приближувањето до Европската Унија, регионот мора да се фокусира на отворање квалитетни работни места.

Светска банка
 

Економскиот раст во Западен Балкан во 2025 година забави бидејќи инфлацијата предизвика намалување на потрошувачката, а зголемената несигурност ги ограничи трговијата и инвестициите и покрај постојаниот раст на платите и на кредитите. Фискалната политика, иако донекаде олабавена, и понатаму е дисциплинирана со дефицит под 3 отсто и јавен долг во надолна траекторија. Редовниот економски извештај за Западен Балкан проектира дека просечниот регионален раст во 2025 година ќе достигне 3,0 отсто, што е за 0,2 проценти поени помалку од пролетната проекција. Растот се предвидува да се зголеми на 3,1 отсто во 2026 година и на 3,6 отсто во 2027 година.

Како што вели Шаокинг Ју, директор на дивизијата за Западен Балкан во Светската банка, Западен Балкан напредува во намалувањето на развојниот јаз во однос на напредните економии на Европската Унија, но растот сепак не е доволен за да се затвори овој јаз.

„За да му се помогне на регионот, важно е да се преформулираат стратегиите за работни места: охрабрување на поголемо учество на пазарот на трудот, подобрување на вештините на населението и раст на фирмите преку дигитални надградби“, истакнува Ју.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top