Бизнис

Европската бизнис-асоцијација ги поврза студентите со бизнис-приказните – Глобална недела на претприемништвото

Студенти од економските факултети при УКИМ, УГД и ЈИЕУ имаа можност да разговараат со претставници на компании од различни сектори за препознавањето на потребите на пазарот, започнувањето сопствен бизнис и вештините потребни за негов развој.

Практичното знаење, размената на искуства и директниот разговор со бизнис-лидерите беа во фокусот на настанот што Европската бизнис асоцијација (ЕБА) го организираше во Europe House Skopje, во рамките на Глобалната недела на претприемништвото 2026. Под мотото „Вистинската слобода започнува со твојот бизнис“, настанот ги доближи до младите клучните одлуки и предизвици на патот од почетна идеја до функционален и одржлив бизнис. Студенти од економските факултети при УКИМ, УГД и ЈИЕУ имаа можност да разговараат со претставници на компании од различни сектори за препознавањето на потребите на пазарот, започнувањето сопствен бизнис и вештините потребни за негов развој. Преку конкретни примери и научени лекции, говорниците ги споделија своите искуства од првите деловни чекори, надминувањето на пречките и градењето успешни организации.

  • „На младите им се потребни практично знаење, охрабрување и можност да учат од реални деловни искуства. Нашата улога како деловна заедница е да им помогнеме да го направат првиот чекор со поголема подготвеност, да ја разберат потребата на клиентите, да ја проверат својата идеја и да изградат тим со кој ќе ја развиваат. Сопствениот бизнис носи слобода, но и одговорност. За да расте, потребни се лидери кои ги препознаваат границите на сопственото знаење, постојано учат и умеат да се приспособат на промените. Токму таа подготвеност за учење и дејствување сакаме да ја поттикнеме кај младите“, изјави Катерина Бошевска, претседателка на ЕБА.

Интерактивната панел-дискусија „Од идеја до прв практичен чекор“ опфати повеќе аспекти на претприемништвото: од едноставни начини за тестирање на бизнис-идеите и стекнување на првите клиенти, до правните чекори при основање компанија, градењето доверба и развојот на препознатлив домашен бренд. Се разговараше и за лидерството во услови на брзи промени, како и за улогата на претприемничкиот начин на размислување во поттикнувањето иновации и ефикасност во големите компании.

Своите искуства ги споделија Евангелија Калуптси од Стопанска банка АД Скопје, Абдулезел Догани од Везе Шари, Татјана Шишковска од Адвокатско друштво Поленак, Ангелка Пеева Лауренчиќ од Имиџ ПР, Марија Дуковска Павловска од Макстил и Владимир Ристевски од Пиксел. Значаен дел од настанот беше посветен на прашањата на студентите и на директната размена со говорниците, по што следуваше неформално вмрежување. Завршната порака до младите беше да ја претворат инспирацијата во конкретна акција – да истражат реална потреба на пазарот, да тестираат идеја или да развијат вештина со која ќе го направат својот прв претприемачки чекор.

Европската бизнис асоцијација (ЕБА) е независна, непрофитна организација, основана во 2004 година, која повеќе од две децении работи на поврзување на домашната и европската деловна заедница. Нејзината мисија е да ги застапува интересите на компаниите членки, да го поттикнува одржливиот економски раст и да придонесува кон унапредување на деловната и трговската соработка со Европската Унија.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Николоски во Виена повика на регионална соработка и поврзување

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17. издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

Фестивалот е и многу повеќе од прослава на младото вино, тој е прослава на луѓето, заедништвото, љубовта и вербата во иднината. Токму тие вредности се во сржта на филозофијата на „Тиквеш“, компанија која ја надградува својата богата традиција со знаење, иновации и современи пристапи, останувајќи посветена на создавањето вина и искуства што ги поврзуваат луѓето.

ЕВН вработува инженери, огласот е отворен до 23 ноември

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено средно електротехничко образование – IV степен, насока енергетика. Дополнителни квалификации за работа под напон, положен стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки, како и познавање компјутерски вештини ќе се сметаат за предност.

В среда продолжува Комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

АЕТМ: Половина од онлајн купувачите во Македонија плаќаат исклучиво во готовина при достава

Новата Анализа на плаќањето при достава и дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија за 2026, спроведена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка на Visa и презентирана на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје, открива значителен јаз меѓу пристапот до платежни инструменти и нивната реална употреба.

Првата аукција на 30 ноември – Народна банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

MTEL им подарува SkyShowtime на корисниците – повеќе филмови, серии и забава

Од 16 ноември, корисниците што ќе склучат договор за mSAT, MOVE, mBOX или mCONNECT ќе добијат ваучер за пристап до SkyShowtime Standard пакетот без дополнителен надомест во текот на промотивниот период. Така ќе можат да уживаат во широк избор меѓународни филмови и ТВ содржини.

Најнови вести

To top