Бизнис

(Фото): Македонците потрошиле милиониска сума за онлајн купување во странство

Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија од 152.2 евра, иако помалку од лани за 2.1%, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 14.1 евра. Во 2025 година се забележува драсатичен пад на просечната трансакција во Германија од скоро 70% која минатата година беше највисока и изнесуваше 214.2 евра.

Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања како авиобилети и резервации на хотели, соопшти Асоцијацијата за е-трговија која ги анализираше објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот географска поделба по земји во 2025 година.

Во однос на 2024 година, Македонците потрошиле 50% повеќе во вредност, додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 69%. Просечната трансакција изнесува 34 евра и е помала за 11% во однос на минатата година. При тоа, 74% од вредноста и 83% од бројот на направените трансакции се во Ирска, Холандија, Обединето Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург. Македонците оствариле најголема вредност на е-трансакции во Ирска, во износ од 92,1 милиони евра, со пораст од 173% во однос на минатата година, додека во Холандија е остварена вредност од 62.4 милиони евра и пораст од 49% во однос на минатата година.

Анализата покажува дека во Ирска е направен и најголем број или 4,8 милиони е-трансакции од страна на Македонците, а потоа 2,1 милиони во САД, додека најголем годишен пораст на бројот на е-трансакциите во 2025 година е забележан во Германија скоро 650%, а во Кипар 263%. Пад е забележан во Луксембург на бројот на е-трансакциите од скоро 50% и во Обединетото Кралство од скоро 9%.

Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија од 152.2 евра, иако помалку од лани за 2.1%, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 14.1 евра. Во 2025 година се забележува драсатичен пад на просечната трансакција во Германија од скоро 70% која минатата година беше највисока и изнесуваше 214.2 евра.

  • Податоците покажуваат дека покрај силниот раст на прекуграничната е-трговија, се случува и значајна промена во структурата на вредноста и бројот на е-трансакции по земји. Оваа промена во голема мера е условена од начинот на кој глобалните дигитални платформи ги организираат своите деловни и платежни операции – односно каде се регистрирани нивните европски седишта или билинг центри. Ирска има најголемо учество и во вредноста и во бројот на трансакции, пред сè зашто таму се лоцирани европските операции на глобални компании како Amazon, Google, Meta и Apple, но дополнително и таму оди наплатата за купувањата од Temu, како и бројни дигитални услуги, апликации и subscription платформи. Веднаш потоа следи Холандија, како значаен е-commerce и логистички хаб во Европа, но и седиште на платформи како Booking.com, што ја објаснува нејзината силна позиција, особено во сегментот на патувања и резервации,  вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска Станков.

Таа оценува дека и САД имаат значајно учество, што е очекувано имајќи предвид дека таму се седиштата на дел од најголемите глобални платформи како Amazon, eBay, Netflix и други дигитални сервиси.

  • Обединетото Кралство останува важен пазар поради развиената онлајн малопродажба и големиот број е-трговци кои директно продаваат на европските пазари. Од друга страна, растот кај земји како Кипар укажува на зголемената улога на финтек компании и платежни процесори, односно на тоа дека сè поголем дел од трансакциите се процесираат преку меѓународни посредници. Истовремено, промените кај традиционални хабови како Луксембург укажуваат на прераспределба, а не на намалување на трансакциите – односно на диверзификација на корпоративните и платежните структури на глобалните компании. Овие трендови потврдуваат дека географската распределба на онлајн купувањето сè повеќе ја следи структурата на глобалната дигитална економија, каде земјата на евиденција на трансакцијата не мора да ја одразува реалната локација на производот или услугата. За македонските потрошувачи ова значи поголема достапност и избор, но истовремено и зголемен одлив на средства кон странски платформи, дополнува Ангеловска Станков.

Асоцијацијата за е-трговија најавува дека 9. регионална конференција за е-трговија ќе се одржи на 3 ноември 2026 година и ќе понуди нови можности за едукација, размена на искуства и вмрежување.

Најнови вести од: Бизнис

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

Азески: Позитивен пресврт во дипломатијата – нашето претставништво во Брисел мора да е точка од која ќе тргнат промените

Ако членството во Унијата ни е целта кон која се движиме, нашето претставништво во центарот на ЕУ мора да биде точката од која ќе тргнат промените. Добро опремено, финансиски поддржано и подготвено за најголемите предизвици – да ја оставиме зад себе уравниловката и со пример да покажеме дека лидерството е врзано со целта и со темелните вредности, а тие, пак, со парите на граѓаните и со нивното добро.

Најнови вести

To top