Бизнис

(Фото): Младите во фокус на Оперативниот план за вработување, 58% од планот е наменет за нив

Јавните повици за мерката „самовработување“ од Оперативниот план за вработување за 2026 година се активни до 3 јули 2026 година, информираа од министерството за економија и труд по денешните информативен каравани во Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Преку оваа мерка невработените можат да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање сопствен бизнис.

Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво).

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во Оперативниот план кои се директно наменети за младите лица, каде тие имаат историски голема вклученост.

  • Младите се во фокус на Оперативниот план, им даваме голем број на можности да се реализираат на професионален план, а со тоа и да останат дома и да го намалиме трендот на иселување. Покрај мерките за самовработување, каде во подмерките се предвидени средства за 1.158 млади лица, тие се вклучени и имаат предност во сите останати мерки. Во мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“ за компаниите најголема поддршка во висина од 250.000 денари се предвидени за вработување на млади лица, преку мерката „Младински додаток“ поддржуваме 3.500 млади лица до 23 години кои работат во производни капацитети со додаток во износ од 3.000 денари месечно, за 1150 лица до 29 години финансиска поддршка за практиканство и многу други мерки. Младите се во фокус на Оперативниот план и во истиот е предвидено да се вклучат најмалку 5.808 млади лица до 29 години или 56,1% од вкупниот опфат – кажа Ристески.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги повика жителите на општина Куманово да аплицираат на јавните повици од мерката „Самовработување“ и да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање на сопствен бизнис. Јавните повици за овие мерки се активни до 3 јули 2026 година.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб- страната www.av.gov.mk .

Најнови вести од: Бизнис

Бизнисот постојано бара работници, додека 88.500 граѓани „молат Бога да не најдат“

Анкетата на АВРМ открива јаз меѓу потребите на компаниите за среден стручен кадар и образовниот профил на активните баратели. Од Владата велат дека невработеноста паѓа, но и граѓаните да се поажурни ако сакаат добри примања.

(Видео): Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет, рече премиерот за дата-центрите

Прашањето за изградба на дата центри во Македонија ја отвори дилемата – дали станува збор за развојна шанса или за ризик за ресурсите? Власта вели дека тоа е иднината на светот.

Угинати 196, а евтаназирани 7.316 овци и кози поради сипаници

Според нивните процени, од почетокот на кризата се уништени меѓу 40 и 50 стада, а секојдневно се појавуваат нови жаришта. Најпогоден е источниот дел од земјава, додека одгледувачите од југозападниот регион стравуваат дека болеста може да се прошири и во областите во кои сè уште нема потврдени случаи.

Силен годишен раст на средствата кај финансиските институции, објави Народна банка

Вкупните средства на останатите финансиски институции во вториот квартал од годинава достигнаа 336,36 милијарди денари, односно околу 5,47 милијарди евра. Во споредба со првото тримесечје, регистрирано е зголемување за 7,2 насто – за 22,69 милијарди денари или 369 милиони евра. На годишно ниво растот изнесува 22,1 насто.

To top