Бизнис

(Фото): За една година продажбата на македонски производи во „Лидл“ зголемена за 100%

Малопродажен објект на познатиот ланец „Лидл“, започна да се гради во општина Аеродром. Објектот ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со продажен простор од 1.200 квадратни метри.

Иако сè уште не почнала со малопродажба, сепак соработката со германската компанија „Лидл“ веќе дава резултати во македонскиот извоз. Македонски производи од извоз во маркетите на „Лидл“, само во регионов, за една година ќе се зголеми за 100%, односно од пет милиони евра лани, на 10 милиони во оваа 2025 година. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на стартот на изградбата на маркет во Реонскиот центар во Ново Лисиче, очекува дека бројката оваа година ќе се удвои и ќе достигне 10 милиони евра.

  • Тоа претставува мотив за домашните претприемачи да ги исполнат стандардите на синџирот „Лидл“. Оваа инвестиција носи нова енергија и работни места, потврдувајќи дека земјата е добра дестинација за инвеститорите. Оваа инвестиција се одолговлекуваше и беше заглавена, но со доаѓањето на оваа владина гарнитура се фативме за работа и ја откочивме ставајќи ја меѓу првите приоритети. Особено ме радува што менаџментот на „Лидл“ ја прифати нашата забелешка за зголемување на застапеноста на домашното производство и македонските производи на полиците на „Лидл“. Тоа е од исклучителна важност – затоа што со тоа не само што се поддржува локалната економија туку се гради доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро – нагласи Мицкоски.

Тој очекува „Лидл“ да биде поттик и мотив за македонските претприемачи да ги задоволат стандардите на германскиот ланец супермаркети. Според него, влезот на „Лидл“ ќе донесе поголема конкуренција, пониски цени и повисок квалитет за потрошувачите.

Новиот објект на „Лидл“ во Реонскиот центар ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри со модерен продажен салон од 1.200 квадратни метри и 57 паркинг места. Милена Драгијска-Денчева, претставник на „Лидл“ истакна дека маркетот ќе се гради по најсовремените меѓународни стандарди и нема да понуди само современ физички изглед, туку ќе биде изградена и од еколошки градежни материјали, со фокус на енергетската ефикасност.

  • Целта е на нашите потрошувачи да им се обезбеди врвно искуство во пазарувањето и, секако, по поволни цели. Многу е важен развојот на пазарната економија, па јас како претставничка на „Лидл“ тука, би сакала да ја нагласам нашата долгорочна посветеност која ја имаме и кон граѓаните. Не дојдовме тука само да правиме бизнис, туку сме посветени на порастот, на развојот и на подобрувањето на квалитетот на живот за сите граѓани, воедно и на поддршката на локалните производители, чии производи се веќе пласирани на другите пазари на „Лидл“– рече Драгијска-Денчева.

Таа потврди дека „Лидл“ е посветен на порастот, развојот и на соработката со локалните производители и изрази благодарност за поддршката и за помошта до сите институции, на централно и на локално ниво.

Инаку, „Лидл“ е дел од германската групација „Шварц“ која е водечки трговци со храна во Германија и Европа.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top