Бизнис

Француските винари се „длабоко разочарани“ од царинскиот договор меѓу САД и ЕУ

Француската федерација на извозници на вино и жестоки пијалоци (FEVS) денес изрази „огромна разочараност“ поради неуспехот на Европската Унија да обезбеди ослободување од царински давачки за овој сектор, кој сега ќе се соочи со царина од 15 проценти при извозот во Соединетите Американски Држави.

www.freepik.com

Француската федерација на извозници на вино и жестоки пијалоци (FEVS) денес изрази „огромна разочараност“ поради неуспехот на Европската Унија да обезбеди ослободување од царински давачки за овој сектор, кој сега ќе се соочи со царина од 15 проценти при извозот во Соединетите Американски Држави.

Владее огромно разочарување бидејќи работевме многу напорно за да го добиеме ослободувањето и тоа беше на дофат. Убедени сме дека договорот ќе доведе до огромни тешкотии за секторот за вино и жестоки пијалоци, изјави Габриел Пикард, претседател на Федерацијата, за Франс Прес.

Тој додаде дека царината од 15 проценти дополнително ќе го оптовари секторот, кој веќе се справува со неповолен девизен курс од 15 проценти при извоз во САД, нивниот клучен пазар, поради моменталната слабост на доларот во однос на еврото.

Во 2024 година, извозот на алкохолни пијалоци од ЕУ во САД достигна вредност од осум милијарди долари, од кои над пет милијарди се однесуваат на вина. Франција придонесува со половина од овој извоз, односно 2,4 милијарди евра за вино и 1,5 милијарди евра за жестоки пијалоци. Околу 23 проценти од францускиот извоз на вино е наменет за американскиот пазар.

Одбраната на нашите извозни сектори останува наш приоритет. Договорот останува отворен за можност за дополнителни исклучоци и ние работиме на тоа рече францускиот министер за трговија Лоран Сен Марте

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top