Бизнис

Граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за вода во Скопје

Според последниот извештај на Министерството за финансии, ЈП „Водовод и канализација Скопје“ има доспеани, а неплатени обврски од 14,5 милиони евра.

За околу 10 отсто поскапе водата за пиење во Скопје. Дел од граѓаните веќе добија фактури во кои се забележуваат нови износи. Според пресметките на надлежните, зголемување имало во сите три сегменти и кај водата за пиење, за прочистување на отпадни води и за собирање и одведување на урбани отпадни води, објави Телма. Па така, збирно зголемувањето е околу 10 проценти.

Овој пат одлуката за цената ја донесе Регулаторната комисија за енергетика. Како што објаснуваат од таму, во случај кога градскиот совет нема да го направи тоа во утврдениот рок, одлуката ја носи РКЕ. А, кога советите ќе си ја донесат цената претходно регулаторна им утврдува само највисока и најниска цена.

Од Водовод сè уште се чека одговор зошто советот не одлучувал. Од градскиот совет, пак, за Телма брифираат дека ваква точка од мај досега воопшто не била ставена на дневен ред. Одлуката за новите тарифи, пак, РКЕ ги донеле уште на крајот на август.

Во текот на летото, дел од жителите во Скопје, главно оние од повисоките зони, немаа вода. Од Водовод постојано објавуваат соопштенија за рационално користење. Во нивните дописи беше потенцирано дека енормно е зголемена потрошувачката, затоа што се полнат базени, се користи за перење на автомобили и за полевање. Па, така доста добар дел од граѓаните на 40 степени со денови имаа вода дури по полноќ. Без вода беше и болницата Козле која се снабдуваше со цистерни. Но, проблеми имаа и во други градови.

Најнови вести од: Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

Најнови вести

To top