Бизнис

Групацијата ЕОС повторно дел од NPL панелот на Европската комисија – силен придонес на ЕОС Матрикс Македонија во финансискиот сектор

Реизборот има особено значење и за локалниот пазар, каде ЕОС Матрикс Македонија игра клучна улога во развојот и стабилизацијата на секундарниот финансиски пазар

Европската комисија повторно ја назначи Групацијата ЕОС за член на Советодавниот панел за нефункционални кредити (NPL), потврдувајќи ја нејзината експертиза и долгогодишна улога во развојот на секундарните пазари за нефункционални пласмани во Европа.

Овој експертски панел, формиран во 2021 година, обезбедува стручни насоки и препораки во однос на управувањето со нефункционалните пласмани и унапредувањето на регулативата во оваа област. ЕОС е дел од панелот од самото основање и ќе продолжи да придонесува со своето повеќедецениско искуство, како инвеститор и како сервисер на побарувања на бројни европски пазари.

„Горди сме што повторно сме именувани во овој значаен советодавен панел и што имаме можност да придонесеме во креирањето на политики кои го унапредуваат функционирањето на секундарните пазари за нефункционални кредити во Европа“, изјави Фреда Штокфлет, виш потпретседател за корпоративно право во Групацијата ЕОС.

Реизборот има особено значење и за локалниот пазар, каде ЕОС Матрикс Македонија игра клучна улога во развојот и стабилизацијата на секундарниот финансиски пазар. Како дел од меѓународната групација, компанијата придонесува за намалување на нефункционалните пласмани, ослободување на банкарскиот сектор од овие проблематични побарувања и создавање услови за нов кредитен раст.

„Управувањето со нефункционалните пласмани е комплексен процес кој бара прецизна анализа, проценка на вредноста на портфолијата и преземање на ризикот при наплата. Нашиот пристап се базира на утврдување на реалната вредност на побарувањата и нивниот потенцијал, со што обезбедуваме ефикасно управување со ризикот и придонесуваме за стабилноста на финансискиот систем. Развојот на секундарниот пазар има директно влијание врз економскиот раст, бидејќи овозможува банките да го зголемат кредитирањето кон компаниите и граѓаните. ЕОС Матрикс Македонија работи согласно највисоките европски стандарди и регулативи, применувајќи принципи на транспарентност, фер третман и одговорна комуникација со корисниците, со фокус на одржливи решенија за наплата“, изјави д-р Катерина Бошевска, главен извршен директор на ЕОС Матрикс за Македонија и Косово.

Дополнително, компанијата активно придонесува во унапредување на регулаторната рамка, при што се јавува потребата од ново, сеопфатно законско решение усогласено со европските директиви. Таквиот закон треба да ги вклучи клучните принципи, како што се транспарентност, заштита на потрошувачите, јасни правила за управување со побарувањата и ефикасни механизми за наплата, вклучително и решенија за реструктурирање, инсолвентност и извршување.

Со повеќегодишно искуство и значајни инвестиции, ЕОС Матрикс Македонија е еден од клучните чинители во финансискиот сектор во земјава. Компанијата има инвестирано околу 35 милиони евра, додека вредноста на портфолиото со кое управува изнесува околу 300 милиони евра. Како дел од Групацијата ЕОС, која работи во повеќе од 25 реструктурирање, инсолвентност и извршување.

Со повеќегодишно искуство и значајни инвестиции, ЕОС Матрикс Македонија е еден од клучните чинители во финансискиот сектор во земјава. Компанијата има инвестирано околу 35 милиони евра, додека вредноста на портфолиото со кое управува изнесува околу 300 милиони евра. Како дел од Групацијата ЕОС, која работи во повеќе од 25 пазари во Европа и има повеќе од 50 годишно искуство, компанијата ги применува највисоките стандарди во управувањето со нефункционалните кредити и директно придонесува за ликвидноста и растот на економијата.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top