Бизнис

Гувернерот Славески на Конституенцата на ММФ и Светската банка, во фокус – ценовната стабилност

Во рамките на Годишниот состанок на Конституенцата, гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари билатерални средби со извршниот директор на Конституенцата во ММФ Јерун Клик и заменикот на извршниот директор Марникс ван Рај, како и со потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија Антонела Басани, придружувана од претставници на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Мултилатералната агенција за гарантирање инвестиции (МИГА).

Гувернерот Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите се става акцент на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност во услови на светска неизвесност, дигиталната трансформација, продуктивноста и финансиската вклученост, како и на местото на европските економии во светските синџири на вредности.

Во рамките на Годишниот состанок на Конституенцата, гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари билатерални средби со извршниот директор на Конституенцата во ММФ Јерун Клик и заменикот на извршниот директор Марникс ван Рај, како и со потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија Антонела Басани, придружувана од претставници на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Мултилатералната агенција за гарантирање инвестиции (МИГА).

На средбите беше истакнато дека зачувувањето на ценовната стабилност е главниот предуслов за одржлив економски раст и финансиска стабилност, особено во услови на засилени геополитички ризици, неизвесност во светската економија и брзи технолошки промени. Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка внимателно ги следи домашните и меѓународните економски движења и ги презема сите потребни мерки за одржување на ценовната и финансиската стабилност, со што придонесува за зачувување на довербата во монетарниот систем и за стабилни услови за економскиот развој.

На состаноците беше разговарано и за тековните макроекономски движења, отпорноста на финансискиот систем, предизвиците поврзани со геополитичките случувања, како и за улогата на дигиталната трансформација во поддршката на економскиот раст и продуктивноста. Беше потврдена и добрата соработка меѓу Народната банка, ММФ и Светската банка во спроведувањето на реформите и јакнењето на институционалните капацитети. Во состав на македонската делегација се и вицегувернерот Игор Величковски и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top