Бизнис

Иднината на финансиите во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг

Конференцијата, во организација на Хајделберг Факултетот во Скопје (Heidelberg Business School), ќе обедини академици, експерти од индустријата, финансиски директори и претставници на институциите, со цел да се отворат клучните прашања за иднината на контролингот и финансиското управување.

Вештачката интелигенција, дигитализацијата и потребата од нови компетенции сè повеќе го менуваат начинот на кој компаниите управуваат со финансиите и го планираат својот развој. Токму овие промени ќе бидат во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг, која ќе се одржи на 30 септември 2026 година во Скопје. Конференцијата, во организација на Хајделберг Факултетот во Скопје (Heidelberg Business School), ќе обедини академици, експерти од индустријата, финансиски директори и претставници на институциите, со цел да се отворат клучните прашања за иднината на контролингот и финансиското управување.

Годинешната главна тема е „Актуелни предизвици во контролингот – ВИ, дигитализација и преквалификација (Reskilling)“. На официјалното отворање ќе се обрати Проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Бордот на директори на Хајделберг, а свои обраќања ќе имаат и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и директорката на УЈП, Елена Петрова. Посебен акцент на конференцијата ќе биде ставен на искуствата и практиките од Германија и Европа, преку учество на истакнати експерти од областа на финансиите и контролингот.

  • „Компаниите мора да разберат кои се компетенциите што ќе го водат нивниот деловен успех во иднина, особено во ерата на забрзана дигитализација,“ истакнува Проф. д-р Мајк Шулц, вицепретседател и професор на CBS International Business School во Мајнц, кој ќе одржи експертско предавање посветено на иднината на контролингот.

На конференцијата ќе учествува и Проф. д-р Роналд Глеих, академски директор во Frankfurt School of Finance & Management и еден од водечките креатори на конференцијата.

„По извонредниот успех на ланската, шеста по ред конференција, која ги постави темелите за модерните финансиски практики, оваа година одиме чекор понатаму. На само неколку недели пред почетокот на 7-то издание, се наоѓаме во клучен момент каде што вештачката интелигенција и дигитализацијата бараат итна адаптација од секоја компанија. Оваа конференција нема само да ги констатира промените, туку ќе им понуди на професионалците конкретни алатки за тоа како да ја искористат технологијата за сигурен деловен раст. Иднината на финансиите веќе пристигна, а ние сме тука да ве подготвиме за неа.“

Свои согледувања за новите предизвици во финансискиот сектор ќе сподели и Проф. д-р Иван Шверко, управител на секторот за ризици во PBZ Invest, Хрватска.

Програмата опфаќа две експертски предавања и три специјализирани панел-дискусии, насочени кон практичните предизвици со кои се соочуваат компаниите и финансискиот сектор.

Дискусиите ќе опфатат теми поврзани со сметководството, контролингот и технологијата во 2027 година, предизвиците и стратегиите за контролинг во банкарството и осигурувањето, како и примената на современиот контролинг во реалниот сектор и производствените компании.

Во рамки на конференцијата е предвидено и специјално обраќање на Весна Прентовска, претседател на ИСОС. Сметководителите и овластените сметководители кои ќе присуствуваат на конференцијата ќе добијат 8 КПУ поени, а воедно ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења преку следење на актуелните теми од областа на дигитализацијата, вештачката интелигенција и финансиското управување.

Конференцијата ќе се одржи на 30 септември 2026 година, од 09:30 до 16:00 часот, во Хајделберг Факултет во Скопје, на ул. Коста Новаковиќ бр. 16, а крајниот рок за регистрација е 29 септември 2026 година.

Бројот на учесници е ограничен, затоа обезбедете го вашето место навреме и бидете дел од разговорот за иднината на контролингот и финансиите.

Пријавување на следниот линк:
https://ibmhs.eu/7th-german-macedonian-controlling-conference/

Најнови вести од: Бизнис

Извозот пораснал за 8,7% – Со кои држави најмногу тргува Македонија?!

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

„Тинекс“ и официјално има нов газда – Лиридон Бериша од Косово е нов директор

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

To top