Бизнис

Има надеж да „спласне“ инфлацијата – мерките во изработка

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а веќе се покренати и одредени постапки.

Има оптимизам за „спласнување“ на инфлацијата. Синдикалната минималната кошница за прв пат по долго време е намалена за над 400 денари. Синдикатот го поздрави падот на дел од цените на храната, но велат дека е минимален ако се спореди со месечните примања и големите трошоци. Паралено, Владата подготвува мерки за високите цени на храната. Премиерот очекува намалување на инфлацијата во следниот период на 2 до 3% наредната година.

  • „Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно ДПИ и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постапки што се почнати и покренати“, кажа Мицкоски.

Премиерот очекува намалување на инфлацијата во следниот период и нејзино  сведување на 2 до 3% наредната година. Рече дека првпат по многу месеци и базичната инфлација се намалува.

  • „Очекувам во овие месеци да има намалување, а следната година да дојдеме до инфлација меѓу 2 и 3 отсто на годишно ниво. Ако ја споредиме инфлацијата со земјите околу нас кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување и првпат по многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар, тоа значи дека се намалуваат“, изјави премиерот. 

Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а веќе се покренати и одредени постапки. Според пресметките на синдикатот, на едно четиричлено семејство месецов му се потребни 65.000 денари или 430 денари помалку од август. Најмногу поевтинеле храната и пијалоците од 670 денари, односно ставка на која домаќинствата трошат најмногу пари. Месецов и Државната статистика пресмета годишна инфлација од 4,4%.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top