Бизнис

Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото

Во услови на забрзана технолошка трансформација и развој на вештачката интелигенција, неопходни се соодветни политики за заштита и унапредување на родовата еднаквост на пазарот на труд. Според некои процени, околу 75% од работните места на жените се во занимања со висока изложеност на вештачка интелигенција, што укажува на потребата од навремено приспособување и дополнителна поддршка.

„Во услови на светски економски предизвици, зголемувањето на учеството на жените на пазарот на труд носи значителни економски и општествени придобивки. Намалувањето на родовите разлики придонесува за поголема иновативност, поефикасно искористување на човечкиот капитал и за намалување на јазот во приходите. Сепак, жените и натаму се соочуваат со предизвици, како што се пониска застапеност на раководните позиции и ограничен пристап до финансиски услуги“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во своето обраќање на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, во организација на агенцијата „Марили“.

Таа посочи дека, во услови на забрзана технолошка трансформација и развој на вештачката интелигенција, неопходни се соодветни политики за заштита и унапредување на родовата еднаквост на пазарот на труд. Според некои процени, околу 75% од работните места на жените се во занимања со висока изложеност на вештачка интелигенција, што укажува на потребата од навремено приспособување и дополнителна поддршка.

  • „Светскиот извештај за родовиот јаз за 2025 година покажува дека има натамошен напредок кон родова еднаквост, но тој е бавен и со нерамномерно темпо. На светско ниво, родовиот јаз е затворен за околу две третини, а за постигнување целосна еднаквост, со сегашната динамика, ќе бидат потребни уште 123 години. Нашата земја е рангирана на 90-тото место од вкупно 148 земји, додека во делот на економското учество и можности, се наоѓа на 119-тото место. Јазот во платите изнесува околу 12%, а разликата во учеството на пазарот на труд е околу 18 процентни поени во корист на мажите. Во однос на финансиската вклученост, податоците од „Финдекс“ (2024) покажуваат дека 77% од жените и 92% од мажите имаат сметка. Овие разлики упатуваат на родов јаз во финансиската вклученост од околу 10 процентни поени“, посочи Митреска.

Таа нагласи дека Народната банка активно работи на унапредување на финансиската едукација и вклученост, како и на поддршка на женското претприемаштво преку Кодексот за финансирање жени претприемачи.

  • „Иако учеството на фирмите што се во сопственост на жени во вкупните кредити сè уште е ниско, тие покажуваат висока финансиска дисциплина, со нефункционални кредити од 1,54%, во споредба со 2,76% кај фирмите што се во сопственост на мажи. Во наредниот период, активностите ќе бидат насочени кон проширување на коалицијата, подобрување на податоците и осмислување системски решенија за зголемена финансиска поддршка на жените претприемачи“, истакна Митреска.

На крајот, таа им упати честитки на наградените жени менаџерки, посочувајќи дека нивниот успех претставува инспирација за идните генерации и значаен придонес за развојот на современата економија.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top