Бизнис

Инфлацијата во август 4,4 насто, на што се должи тоа?!

Животот продолжува да поскапува. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живот во август годинава се зголемени за 4,4% во споредба со август лани. Тоа е бројка што директно ја чувствува секое семејство.

Стапката на инфлација во август бележи месечна промена од минимални 0,2 проценти. На годишно ниво, зголемувањето е за 4,4 насто. Истовремено, минатиот месец цените опаднале за 0,7 отсто, а годишниот раст е 4,1 насто. Ова се последните податоци од Државниот завод за статистика.

Живејачката во август поскапа за 6,2 насто, споредена со јули, покажуваат најновите податоци на Државната статистика. Инфлацијата изнесува 4,4%, цените на мало пораснале за 4%. Тоа е резултат на растот на трошоците на животот.

Статистика утврдила дека најголемо поскапување има кај рестораните и хотелите за 2,1%, на листата зголемување има и кај одржувањето на домаќинства и пијалаците. Од друга страна, намалување има кај транспортот над 3 насто, мало поместување има во цените на облеката и образованието.

Од Сојузот на синдикати велат дека мора да растат сите плати, за граѓаните да живеат подобро. Растот на платите е главен двигател на инфлацијата, предупредуваат економските експерти. Очекуваат стабилизација на долг рок.

Од Владата неодамна рекоа дека причина за растот на инфлацијата се услугите. Според Народна банка, инфлацијата може трајно да се намали само ако внимателно се комбинираат монетарната и фискалната политика и се фокусираат на долгорочни инвестиции.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top