Бизнис

Инфлацијата годинава треба да падне под 3 отсто, очекува Владата

Што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели премиерот.

Инфлацијата е пониска од многу земји во Европа и речиси на исто ниво со регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски и рече дека очекува годинава инфлацијата за падне под 3 отсто.

  • Кога ќе ја споредиме стапката, таа, горе-долу, е иста како во регионов. Освен во соседна Србија, каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа имаат мерка, мерката со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред тие да го имплементираат тоа и затоа одлучивме да се бориме против инфлацијата преку други механизми, изјави Мицкоски.

Инаку што се однесува до другите месеци, тој очекува инфлацијата да биде под 3 отсто.

  • Има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8 отсто, во Турција е двоцифрена, преку 30 отсто, потоа соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, има голем број примери во Европа каде што инфлацијата е многу поголема од онаа кај нас. Оваа година, очекувам инфлацијата на годишно ниво кај нас да биде под 3 отсто, односно во рамките на она што го проектираме, вели Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top