Бизнис

Инвестиција во превенција, поддршка за заштита: ОКТА втора година по ред ја продолжува иницијативата за заштита од пожари

Во рамки на годишните активности, компанијата обезбеди донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите кои управуваат со противпожарните авиони Air Tractor

Во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари на отворено, ОКТА и оваа година продолжува со активностите за поддршка на институциите задолжени за заштита и спасување и за подигнување на јавната свест за потребата од поголема превенција.

Во рамки на годишните активности, компанијата обезбеди донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите кои управуваат со противпожарните авиони Air Tractor на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) – напредна опрема, составена од заштитни одела, јакни, ракавици и чизми, дизајнирана да ја подобри безбедноста и отпорноста на пилотите за време на мисии за гаснење пожари со висок ризик.

Паралелно со донацијата, ОКТА втора година по ред ја реализира кампањата за превенција од пожари на отворено под слоганот „Пази што правиш! За пожар малку треба!“, која се спроведува во партнерство и со поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување и ЈП „Национални шуми“. Кампањата има за цел да ја поттикне јавноста на одговорно однесување во природа и да укаже на ризиците од невнимание, кои честопати се причина за појава на пожари со сериозни последици по животната средина, шумските ресурси и безбедноста на граѓаните.

„Како компанија која континуирано вложува во безбедноста, заштитата на животната средина и поддршката на заедницата, веруваме дека превенцијата е најефикасниот начин за намалување на ризиците од пожари. Со оваа донација сакаме да дадеме конкретен придонес во зајакнувањето на капацитетите на институциите кои секојдневно се грижат за безбедноста на граѓаните и заштитата на природните богатства. Истовремено, преку кампањата продолжуваме да ја испраќаме пораката дека секој од нас има одговорност и улога во спречувањето на пожарите“, изјави главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос.

Дирекцијата за заштита и спасување е една од клучните институции во системот за справување со пожари на отворено и преку своите воздухопловни капацитети има значајна улога во раното интервенирање и ограничувањето на пожарите на тешко пристапни терени.

„Поддршката од општествено одговорни компании како ОКТА има клучна улога во зајакнувањето на оперативната подготвеност и ефикасноста на Дирекцијата за заштита и спасување. Инвестициите во безбедноста и условите за работа на нашите вработени директно придонесуваат за подобрување на нашата подготвеност за навремен и ефикасен одговор при вонредни состојби, заштита на човечките животи, заедницата и животната средина. Подеднакво важно е и сознанието дека најдобриот начин за справување со шумските пожари е нивното спречување пред да се случат. Во таа насока ја поздравуваме и поддржуваме кампањата за подигнување на јавната свест, која се однесува на причините за појава на пожарите и придонесува кон градење посилна култура на одговорност, подготвеност и превенција во општеството“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во изминатите години, ОКТА континуирано инвестира во зајакнување на капацитетите на државата за превенција и справување со пожари – од поддршка за рано откривање на пожари и опремување на службите кои се на првата линија за одбрана, до воспоставување на првиот центар за обука во земјата за противпожарна заштита од нафтени деривати. Овие иницијативи ја потврдуваат долгорочната посветеност на компанијата кон создавање побезбедни и поотпорни заедници.

Заштитата на шумите и природни ресурси е заедничка одговорност што бара соработка, подготвеност и одржливо дејствување. Само преку здружени напори на институциите, бизнис-заедницата и граѓаните можеме да создадеме трајно позитивно влијание, да ги намалиме ризиците и да обезбедиме побезбедна и позелена иднина за идните генерации.

Преку партнерство и споделена одговорност, можеме да направиме значајна разлика денес и да ја зачуваме нашата животна средина за утре.

 

 

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top