Бизнис

Истекува рокот за потврда на годишните даночни пријави за остварен приход за 2025

Управата за јавни приходи апелира до даночните обврзници, пред истекот на рокот, да ги проверат своите годишни даночни пријави и, доколку податоците се точни, истите да ги потврдат, а доколку не се согласуваат со изнесените податоци, да ги коригираат. Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на електронската адреса info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат, односно коригираат доколку има потреба. По истекот на рокот, односно од 02 јуни 2026 година, сите непотврдени годишни даночни пријави ќе се сметаат за конечни, додека коригираните пријави ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи во законски утврдениот рок го заврши генерирањето на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2025 година. Генерирани се вкупно 862.896 даночни пријави, што е за 21.225 повеќе во споредба со минатата година, кога беа генерирани 841.671 пријава. Досега, од страна на даночните обврзници се потврдени 27.788 годишни даночни пријави.

Зошто е важно да ја проверите својата ДЛД-ГДП?

• Врз основа на податоците од ДЛД-ГДП, Управата за јавни приходи издава уверенија за остварен доход и доставува податоци до други институции кои одлучуваат за остварување на права на граѓаните. Овие податоци може да бидат одлучувачки за остварување на Вашите права.
• Дополнително, доколку во 2025 година сте оствариле доход повисок од 2.000.000 денари по основ на изнајмување деловен простор во земјата, давање менаџерски, правни, економски, инженерски или занаетчиски услуги, давање приватни часови на ученици и студенти, продажба на земјоделски производи или друг доход кој произлегува од континуирано вршење оданочив промет, потребно е да се регистрирате за цели на ДДВ, или Управата за јавни приходи може по службена должност да Ве регистрира како ДДВ обврзник врз основа на податоците од ДЛД-ГДП.

Кај обврзниците кај кои во ДЛД-ГДП е утврдена обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, УЈП ќе генерира налог за доплата со фолио број, кој ќе биде содржан на третата страница од печатената даночна пријава (PDF документот).

Обврзниците кај кои е утврден повеќе платен данок имаат можност во самата пријава да поднесат барање за враќање на данокот.

Управата за јавни приходи апелира до даночните обврзници, пред истекот на рокот, да ги проверат своите годишни даночни пријави и, доколку податоците се точни, истите да ги потврдат, а доколку не се согласуваат со изнесените податоци, да ги коригираат. Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на електронската адреса info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

Најнови вести од: Бизнис

Божиновска за грчки “Енерџи Гејм”: Македонија станува клучна гасна раскрсница на Балканот

Енергетски центар за снабдување на Југоисточна Европа е новата улога што министерката Сања Божиновска ја најавува за Македонија по приклучувањето кон Вертикалниот коридор. Договорот беше потпишан на 4 септември во Солун, но патот од политички меморандум до гасна раскрсница зависи од изградбата на две клучни врски со Грција и Србија.

ММФ отвора центар за техничка помош за земјите од Западен Балкан и Молдавија

Меѓународниот монетарен фонд ќе отвори нов центар за техничка помош во Рим, наменет за земјите од Западен Балкан и Молдавија, со цел да им помогне во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети во процесот на пристапување кон Европската Унија. Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, оцени дека проширувањето на ЕУ повторно се наоѓа високо […]

(Фото): „Алказар Енерџи Партнерс“ обезбеди финансиско затворање за Ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Македонија

На реализацијата на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип, од Владата истакнаа дека инвестициите во обновливи извори на енергија, заедно со развојот на одржливиот транспорт, се меѓу клучните чекори кон модерна и енергетски стабилна Македонија.

(Фото): Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа

Според досега објавените податоци на „Евростат“, инфлацијата во Еврозоната во август се проценува на 3,3%, наспроти 2,6% во Македонија. Во јули инфлацијата во Еврозоната изнесуваше 2,9%, додека во Македонија беше 2,3%. Тоа значи дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од Еврозоната.

За три месеци се завршени градежни работи вредни 242 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски оцени дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година.

Најнови вести

To top