Бизнис

Кога ќе легнат парите од „МојДДВ“ кај граѓаните кои скенираат фискални сметки?!

Граѓаните што скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“, повратот на данокот ќе го добијат на своите трансакциски сметки до крајот на овој месец. Од Министерството за финансии појаснуваат дека станува збор за сумата што ја акумулирале од скенирање на сметките во периодот јули-септември, а се исплаќа 60 дена по завршувањето на кварталот.

Иако веќе изминува месец ноември, дел од граѓаните сè уште го немаат добиено повратот од скенирање фискални сметки преку проектот „МојДДВ“. Сепак од Министерството за финансии смируваат – парите ќе легнат на сметките до крајот на месецов.

  • Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот. За третиот квартал (јули–септември), законскиот рок до кога треба да се изврши исплатата е до 30 ноември 2025 година.

Најчестите проблеми поради кои има доцнење на исплатата на средствата се поврзани со погрешно внесени или неажурирани податоци за трансакциска сметка во системот на УЈП, велат од ресорот Финансии. Во однос на шпекулациите во јавноста дека надлежните планираат да ја укинат мерката, од Министерството за финансии немаат конкретен одговор, туку велат дека мерката е законски утврдена и продолжува да важи, а исплатите се вршат во рамките на законски предвидените рокови.

  • Доколку има промени, тие ќе бидат навремено и транспарентно соопштени од надлежните институции, појаснуваат од ресорот предводен од министерката Гордана Димитриеска-Кочоска. 

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top