Бизнис

Колку чини да се наполни резервоарот во Македонија, а колку преку граница?!

Ако се пресмета резервоар од 50 литри, во Македонија за бензин би биле потребни околу 75,5 евра, додека во Грција околу 100 евра. Кај дизелот, 50 литри во Македонија чинат околу 82 евра, а во Албанија речиси 112 евра.

Македонија во моментов има најниски цени на бензинот и дизелот во споредба со соседните земји. Од 25 август, Еуросупер БС-95 во Македонија се продава по цена од 93 денари за литар, што е околу 1,51 евро. Дизелот чини 101,5 денари, односно приближно 1,65 евра за литар. Во Косово бензинот се продава по околу 1,53 евра, а дизелот по 1,79 евра. Слични се цените и во Бугарија, каде литар бензин чини околу 1,53 евра, а дизелот околу 1,77 евра, објави Плусинфо.

Поголема разлика има во Србија. Таму бензинот се продава по околу 1,72 евра за литар, додека дизелот чини приближно 1,97 евра. Тоа значи дека литар дизел во Србија е за околу 32 евроценти поскап отколку во Македонија. Уште повисоки се цените во Грција, каде бензинот и дизелот се движат околу границата од 2 евра за литар. Бензинот е околу 2 евра, а дизелот нешто под таа цена.

Најскапо гориво меѓу соседите има Албанија. Бензинот таму чини околу 2,04 евра за литар, а дизелот околу 2,23 евра. Во споредба со Македонија, разликата е околу 53 евроценти кај бензинот и речиси 58 евроценти кај дизелот.

Ако се пресмета резервоар од 50 литри, во Македонија за бензин би биле потребни околу 75,5 евра, додека во Грција околу 100 евра. Кај дизелот, 50 литри во Македонија чинат околу 82 евра, а во Албанија речиси 112 евра.

Разликите во цените не зависат само од движењето на нафтата на светските пазари, туку и од висината на акцизите, ДДВ и другите давачки што секоја држава ги пресметува во крајната малопродажна цена. Според најновите достапни податоци, Македонија останува најевтина за точење гориво во регионот, иако дизелот веќе ја надмина границата од 100 денари за литар.

Најнови вести од: Бизнис

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

To top