Бизнис

Летните патувања поскапуваат – лоши вести за патниците околу новата цена на авионските билети

Иако некои аналитичари и претставници од туристичката индустрија, како што е директорот на TUI, Себастијан Ебел, не очекуваат поголеми нарушувања во наредните месеци, патниците треба да се подготват за промена на ценовниците пред почетокот на шпицот на летната сезона.

Летната сезона се приближува, но за патниците пристигнуваат лоши вести – поскапувањето на авионските билети во Европа е „неизбежно“. Ова е предупредувањето од генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), Вили Волш. Иако некои авиокомпании неодамна понудија пониски цени за да ја стимулираат побарувачката, Волш истакнува дека ваквиот тренд не може да трае долго, бидејќи авиопревозниците се притиснати од високите цени на авионското гориво, предизвикани од нестабилноста на Блискиот Исток.

Клучниот фактор е војната на Блискиот Исток, која доведе до нарушувања во снабдувањето и затворање на важни рути како Ормускиот теснец. Ова директно влијае врз цената на керозинот, кој претставува еден од најголемите трошоци за авиокомпаниите.

  • „Дури и ако Ормускиот Теснец биде повторно отворен утре, влијанието на нарушувањата предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток сè уште ќе може да се почувствува следната година“, вели Волш.

Иако еврокомесарот за енергетика, Ден Јоргенсен, смета дека на краток рок не се очекува сериозен недостиг на гориво, Волш е дециден дека економската логика е јасна.

  • „Едноставно, нема начин авиокомпаниите да ги апсорбираат своите дополнителни трошоци. Може да има случаи кога авиокомпаниите ќе даваат попусти за да стимулираат одреден проток на сообраќај, но со тек на времето, високата цена на нафтата неизбежно ќе доведе до поскапување на билетите“, нагласува генералниот директор на IATA.

Иако некои аналитичари и претставници од туристичката индустрија, како што е директорот на TUI, Себастијан Ебел, не очекуваат поголеми нарушувања во наредните месеци, патниците треба да се подготват за промена на ценовниците пред почетокот на шпицот на летната сезона.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top