Бизнис

Louis Latour винска приказна која го носи вкусот на Бургундија во ресторанот Salvatore

На 10 декември, среда во елегантниот амбинет ресторанот Salvatore ќе биде домаќин на специјална винска вечер посветена на едно од највлијателните имиња во винската историја на Бургундија, Louis Latour

Во декемвриската магија на Скопје, љубителите на виното ќе имаат можност да доживеат вечер која го спојува најдоброто од винската традиција, гастрономијата и културниот рафиниран вкус. На 10 декември, среда во елегантниот амбинет ресторанот Salvatore ќе биде домаќин на специјална винска вечер посветена на едно од највлијателните имиња во винската историја на Бургундија, Louis Latour.

Преку совршено усогласени вкусови, вечерта ќе ја раскаже вековната винска приказна на Louis Latour.

Настанот ќе го модерира и води професионалниот сомелиер Јадранка Клариќ Кимовска, која ќе ги воведе гостите во светот на дегустацијата. Специјален гостин ќе биде Thomas Lignier, Export Area Manager во Louis Latour, кој со своето долгогодишно искуство игра значајна улога во меѓународното претставување на овој реномиран бургундски бренд. Токму за оваа пригода, тој ќе го претстави изборот на вина, приказните зад секоја етикета и богатата историја што ја прави Louis Latour еден од најпочитуваните имиња во светот на виното. За совршеното food pairing ќе се погрижи Chef Giovanni, кој ќе подготви специјално мени инспирирано од француската кујна, создадено да ги нагласи ароматските карактеристики на секое вино.

Вечерта која е во организација на Alchemist (официјален увозник на Louis Latour во Македонија) ќе биде збогатена и со музичка програма коja ќе создаде софистицирана атмосфера за целосно уживање. Со ограничен број места и исклучителен избор од винското наследство на Louis Latour, настанот ветува уникатно искуство кое долго ќе се памети.

Добредојдени сте да бидете дел од една незаборавна вечер каде што виното, приказната и атмосферата се спојуваат во совршена хармонија.

Карти за настанот можете да набавите во рестораните SushiCo, SushiCo Zen и Salvatore, или да направите резервација преку порака на социјалните мрежи на Alchemist MK.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top