Бизнис

Македонската минимална плата повредна од четири членки на ЕУ, според Евроњуз

Бруто минималната плата во Македонија има куповна моќ еквивалентна на 1.069 евра наспроти номиналната вредност од 586 евра

Минималната (бруто) плата во Македонија номинално е 26. меѓу 29 европски земји за кои има податоци, но според куповната моќ е на 20. место, покажува истражувањето на телевизијата Евроњуз бизнис.

Номинално, нето минималната плата во Македонија изнесува 24.397 денари или 397 евра, а бруто 36.037 денари или 586 евра, што е повеќе од Албанија (517 евра), Молдавија (319) и Украина (173).

Но, куповната моќ на македонската минимална (бруто) плата еквивалентна на 1.069 евра е поголема од таа на четири членки на Европската унија, и тоа Бугарија (1.039), Чешка (1.009), Летонија (954) и Естонија (886), како и од кандидатките за членство Турција (1.062), Црна Гора (1.058) и Албанија (708).

Луксембург има највисока номинална бруто плата во Европа од 2.704 евра, втора е Ирска со 2.391, а трета Германија 2.343. Од регионот најдобро стои Словенија со 1.278 евра, пред Хрватска со 1.050, Грција со 1.027, Србија со 744, Црна Гора со 670, Турција со 654, Бугарија со 620…

Според куповната моќ, пак, највредна е бруто минималната плата во Германија од 2.157 евра, пред Луксембург со 2.035 и Холандија со 1.979. Од опкружувањето пред Македонија се Словенија со 1.417 евра, Хрватска со 1.377, Грција со 1.194 и Србија со 1.105.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top