Бизнис

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите на граничните терминали

„Макам-транс“ во објава на Фејсбук наведе дека се повлекуваат од блокадите, бидејќи со одлуката на ЕУ е добиена потврдата која ја очекувале за промени и се заблагодари на сите кои, како што велат,  неуморно во изминатите денови ја дадоа својата поддршка и солидарност со блокадата на граничните премини.

Македонските превозници вечер во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево на состанок Aсоцијацијата Макам-транс“, откако Европска комисија  донесе одлука за носење нова стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, за престојот 90 во 180 дена во шенген-зоната.  Со тоа,  по речиси четиридневен застој ќе се нормализира товарниот сообраќај на премините  „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, „Богородица“, „Меџитлија“, „Ќафасан“, „Блаце“, „Блато“ и „Стење“  за влез и излез од државата.

„Макам-транс“ во објава на Фејсбук наведе дека се повлекуваат од блокадите, бидејќи со одлуката на ЕУ е добиена потврдата која ја очекувале за промени и се заблагодари на сите кои, како што велат,  неуморно во изминатите денови ја дадоа својата поддршка и солидарност со блокадата на граничните премини.

  • Вашето заедништво и истрајност дадоа резултати, согласно официјалното известување од министерот за транспорт Александар Николоски, Европска комисија донесе одлука да донесе нова стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кои се соочија професионалните возачи, за престојот 90 во 180 дена. Бидејќи е добиена потврдата која ја очекувавме за промени Ве информираме дека протестот кој беше организиран од страна на Асоцијација Макам-транс на граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење ќе биде прекинет од вечерва, 29,01. 2026 година од 20:00 часот за влез и излез од државата. Особено сме благодарни до сите медиски куќи, портали кои нашата борба ја направија видлива за цела Европа. Заедно сме посилни!, велат од „Макам-транс“.

Транспортерите од државата, Србија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина ја почнаа блокадата на почетокот на неделава со барање да бидат изземени од новиот систем за контрола на влез и излез во ЕУ поради кој велат дека се соочуваат со економски штети и депортации.

Претходно, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот на превозниците што веќе четири дена ги блокираат граничните премини кон шенген-зоната.

  • Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е она што го баравме. По протестите и силната офанзива изминатиот период, Брисел ќе донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи – напиша Николоски во објава на „Фејсбук“ споделуваќи  дел од новините.

Извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, при презентацијата на стратегијата за визи на ЕУ и на европската стратегија за управување со азил и миграција, усвоени на денешната седница на Колеџот на комесарите, рече дека со стратегијата предлагаат да разгледаат поголема флексибилност за превозниците, како што рече, секако без да се загрози безбедноста, а во исто време и да не се променат правилата, дури кога станува збор и за безвизно патување. Таа потенцира дека кога станува збор за прекугранични работници, кои секојдневно ја минуваат границата на ист премин, има исклучоци и флексибилност, но тоа не важи за некои други професии, каде што исто така, се идентификувани предизвици, како што се возачите на камиони, спортистите и уметниците.

  • Но, ние го разгледуваме тоа и во оваа стратегија за визи сега се осврнуваме на овој проблем – додаде Виркунен, без да наведе конкретни мерки.

Таа нагласи дека со новиот систем за влез и излез (ЕЕС) не се воведени никакви нови правила кога станува збор за должината за краток престој во шенген-зоната без визи, и натаму останува можноста за престој до најмногу 90 дена во период од 180 денови.

 

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top