Бизнис

Мицкоски: Македонија бележи континуиран раст на БДП, еден од највисоките во Европа

Од почетокот на годинава, како и во претходните два квартали од минатата година, Македонија бележи континуиран раст на бруто домашниот производ

Од почетокот на годинава, како и во претходните два квартали од минатата година, Македонија бележи континуиран раст на бруто домашниот производ (БДП), кој е еден од највисоките во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Кавадарци и нагласи дека позитивните резултати има во сите главни економски сектори, посочувајќи континуиран раст во земјоделството, туризмот, извозот и индустриското производство.

Првиот месец од третиот квартал, јули, во градежништвото имаше огромна реализација и динамика на капитални проекти, истакна Мицкоски во одговор на новинарско прашање и додаде дека индустриското производство има стабилен раст од 4,1 процент во континуитет цела година. Додаде дека најмногу радува растот во преработувачката индустрија, која, според него, носи најголема додадена вредност.

Премиерот изрази оптимизам дека овој раст ќе продолжи и во вториот и третиот месец од третиот квартал, што ќе донесе солиден раст на БДП со очекуван раст во вториот квартал по растот од 3,2 отсто во првиот.

Овие резултати што ги гледаме како бројки денеска ќе се почувствуваат многу скоро во реалниот живот. Она што е важно е дека немаме повеќе политички моќници кои што напаѓаат бизниси кои што се успешни, немаме повеќе криминал, корупција, изнуда, ниту проценти. Нема се е она што беше наша заложба – да го ослободиме бизнисот од сето она што претходно значеше тортура, потенцира Мицкоски.

Според него ако Македонија се управуваше вака повеќе од три децении, денеска би била најмалку три пати побогата. Нагласи дека задачата на оваа генерација е да го исправи пустошот од минатото.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top