Бизнис

Минималецот ќе порасне за 1.500 до 2.000 денари во март в година

Кога ќе има усогласување во март следната година, врз основа на параметрите што ги имаме, граѓаните ќе имаат повисока минимална плата. Тоа е формула и методологија со која се пресметува минималната плата, со што се согласуваат Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата, рече министерот за економија.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека нема да донесат одлука за минималната плата под притисок, а во март 2026 година минималната плата ќе се зголеми од 1.500 до 2.000 денари. Дурмиши нагласува дека законот предвидува дека минималната плата се одредува според просечната плата, како и според трошоците за живот.

  • Кога ќе има усогласување во март следната година, врз основа на параметрите што ги имаме, граѓаните ќе имаат повисока минимална плата. Тоа е формула и методологија со која се пресметува минималната плата, со што се согласуваат Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата – рече Дурмиши во гостување на ТВ Шења.

Врз основа на таа формула, јасно е дефинирано како се пресметува минималната плата, односно 50 проценти од просечната нето плата од претходната година и 50% од трошоците за живот, додаде министерот.

  • Бидејќи сме на крајот од календарската година, ги имаме податоците за изминатите 11 месеци и кога ќе се усогласи минималната плата во март, ќе се зголеми за приближно 1.500 до 2.000 денари, во зависност од тоа како ќе испадне пресметката – рече Дурмиши.

Тој исто така рече дека Владата работи на континуирано зголемување на минималната плата.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top