Бизнис

Минималната плата законски ќе порасне за околу 8%, велат од Владата

Владата ќе го поддржи секој предлог што ќе биде заеднички прифатен од синдикатите и од работодавците во однос на минималната плата. Треба да има зголемување и на минималната и на другите плати, но тоа мора да биде постепено, со сигурност и во стабилна економска рамка, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши информира и дека не е донесена одлука за зголемување на платите на функционерите, но рече дека владата стои на ставот дека нема да ги зголемува платите на функционеите. Лани владата одлучи да ги ограничи платите на функционерите, односно предвиде тие да се зголемуваат како и платите на сите други вработени во јавниот и приватниот сектор.

  • Ќе видиме каква е ситуацијата откога овој месец ќе излезат податоците од Државниот завод за статистика и соодветно ќе постапиме. Лани донесовме одлука со која ги ограничивме платите на функционерите, односно предвидовме да се зголемуваат како и платите на сите други вработени во јавниот и приватниот сектор. Овој месец ќе излезат податоците од Државниот завод за статистика од кои ќе видиме каква е ситуацијата и соодветно ќе постапиме. Стоиме на тој став дека нема да донесеме одлука со која ќе се зголемат платите на функционерите – рече Дурмиши.

Тој посочи и дека минималната плата ќе биде нивелирана или зголемена во март за 7 или 8 отсто, што значи дека во 2028 година ќе имаме зголемување за 40-ина проценти.

  • Значи, да излезат податоците и ќе донесеме одлука – како што постапивме лани така ќе постапиме и оваа година – истакна Дурмиши.

Дурмиши и денеска го повтори ставот на Владата дека ќе го поддржи секој предлог што ќе биде заеднички прифатен и од синдикатите и од работодавачите во однос на висината на минималната плата. Тој вели дека треба да има зголемување и на минималната и на другите плати, но тоа мора да биде постепено, со сигурност и во стабилна економска рамка.

  • В четврток имаме состанок со синдикатите од УПОЗ, идните денови ќе има и седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), на која, најверојатно, ќе бидат присутни и синдикатите и рабодотавачите. Ако предлогот биде прифатен од сите фактори, односно од сите членови на ЕСС, ние како Влада и Министерство сме таму да ги поддржиме. Нашиот став во рамките на ЕСС сме го кажале од почеток – ако се договорат синдикатите и работодавачите, ние сме таму да им излеземе во пресрет на двете страни. Ние ја гледаме целата слика, ја имаме предвид сликата на сите граѓани – и на вработените во јавниот сектор и на вработените во приватниот сектор. Сме го кажале ставот и стоиме на тоа – да има зголемување на минималната и на другите плати во јавниот сектор, но тоа да биде постепено, со сигурност, да има стабилна економска рамка – потенцира Дурмиши.

Тој рече и дека Владата веќе ги зголеми платите во јавниот сектор.

  • Ги зголемивме платите уште првата година во здравството, образованието, полицијата, пензиите… Ние со вработените во јавниот сектор имаме договор преку трипартитниот дијалог и речиси 85 % веќе се решени. Останаа уште 7.700 вработени, но и со нив предложивме да седнеме, да се договориме, да им излеземе во пресрет – истакна Дурмиши.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top