Бизнис

Наместо „brain drain“ – „brain export“: Brainster извезува македонски образовен модел во ЕУ

Македонија не мора да биде извор само на работна сила – може да биде извор на квалитетни образовни решенија за во ЕУ и пошироко

 

Додека државните универзитети во Македонија веќе не се ни во топ 2000 на Шангајската листа, а земјата со години се соочува со масовен одлив на млади и талентирани кадри, ние во Brainster направивме историски чекор: наместо да извезуваме луѓе, сега извезуваме знаење, методологија и образовна иновација. А луѓето ги задржуваме – со понуда на современи програми, практична настава и сигурна патека до вработување, објавува компанијата Brainster.

Во време кога многу македонски студенти своето академско образование го продолжуваат токму во Словенија – Brainster го прави обратното: го извезува нашиот македонски образовен концепт токму во Словенија, преку стратешко партнерство со реномирани образовни институции.

,,Со гордост објавуваме дека NU High School Academy – нашата практична академија за талентирани средношколци – од сега е присутна и во Европската Унија, бидејќи потпишавме стратешко партнерство со Erudio Education Group, словенечка образовна групација основана во 1993 година, која има цел да воведе иновативни методи на учење и поддршка за студентите пред се преку практично, персонализирано и модерно образование, како и со FirstClass, компанија специјализирана за пронаоѓање и селекција на стручни и водечки кадри, како и развојни и HR консултантски услуги”, објави компанијата.

Квалитетот на програмите во рамки на Brainster групацијата беше препознат токму од словенечката институција.

„Erudio, реномирана образовна институција од Словенија, и FirstClass, водечка словенечка компанија посветена на младите таленти преку својот BusinessClass програм, со гордост го објавуваат новото стратешко партнерство. Преку NU High School Academy програмите, целиме да им овозможиме на младите амбициозни и талентирани личности практични знаења и суштински вештини кои ќе ги поддржат во личниот развој и ќе им помогнат со самодоверба да зачекорат кон успешна кариера.“, велат во заедничка изјава од Erudio и FirstClass.

 

Оваа франшиза наскоро ќе биде понудена и во уште неколку европски земји меѓу кои и Хрватска, додека пак дома, Brainster ќе продолжи да нуди концепт кој е баран во земјите на ЕУ.

Од Македонија – за Европа: Практичен модел кој носи резултати

NU High School Academy е програма наменета за талентирани средношколци од 15 до 18 години, која сега станува првиот македонски образовен концепт што се извезува во Европската Унија.

Овој модел вклучува:

менторирање од практичари,

учење преку реални проекти и тимска работа,

развој на дигитални и „меки“ вештини,

фокус на личен развој, самодоверба и кариера.

Наместо да извезуваме готов кадар – извезуваме цел систем, открива Brainster.

,,Со години Македонија извезува обучени луѓе кои се вработуваат и создаваат вредност надвор. Ние го менуваме наративот – извезуваме концепт, методологија и вредност, а младите ги задржуваме тука, нудејќи им реална перспектива, современ систем и средина што ги препознава и поттикнува нивните потенцијали. И што е најважно, се грижи за иднината на младите, нудејќи им практични вештини и знаења преку работа на реални проекти. Таков е примерот со Brainster Next колеџот – првиот практичен колеџ за дизајн и софтверско инженерство во Македонија каде што теоријата и праксата се споени во секој предмет.

 

Концептот кој го препознаваат образовните институции во Европската Унија – регион во кој како држава тежнееме да достигнеме стандарди – е истиот концепт кој го препознаваат и младите овде. Тие сè почесто сфаќаат дека не мора да заминат за да стекнат врвни вештини, силен личен развој и професионална иднина.

Со ова партнерство испраќаме силна порака: Македонија не мора да биде извор само на работна сила – може да биде извор на квалитетни образовни решенија што се применливи и во Европската Унија и пошироко. А работната сила и кадрите на иднината од Македонија има каде својата стручност да ја стекнат дома – по највисоките ЕУ стандарди. Ова, всушност, е и визијата на Brainster групацијата: да создадеме генерации на талентирани, мотивирани и вешти млади луѓе, а Македонија да стане синоним за квалитетно и современо образование“ , вели Петар Ниновски, основач и ЦЕО на Бреинстер групацијата.

 

Тој најавува дека оваа соработка е само почеток и дека наскоро може да се очекува проширување на програмите на Brainster и во други европски земји.

 

 

 

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top