Бизнис

Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика

На дијалогот, посочуваат, учествуваше вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

Монетарната политика на Народната банка е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел.

На дијалогот учествуваше вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

  • „И покрај неизвесното и променливо надворешно окружување, домашната економија останува релативно отпорна. Народната банка води претпазлива монетарна политика, фокусирана на натамошно намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, при истовремено одржување стабилен девизен курс“, истакна Величковски.

Тој посочи дека монетарната политика има клучна улога во справувањето со инфлациските притисоци, особено во услови на продолжени глобални шокови на страната на понудата, при што Народната банка внимателно ги следи сите движења и е подготвена да реагира соодветно за зачувување на стабилноста.

Во обраќањето беше нагласено дека девизните резерви се одржуваат на соодветно ниво, согласно меѓународните стандарди, што обезбедува силна заштита од потенцијални надворешни шокови. Воедно, банкарскиот систем останува стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со дополнително зајакнати макропрудентни мерки поради засилената кредитна активност.

Величковски се осврна и на новата оперативна рамка на монетарната политика воведена во декември 2025 година, којашто има за цел да го подобри преносот на сигналите од основната каматна стапка и да ја зголеми ефикасноста на монетарната политика.

Во контекст на европската интеграција, беше истакнато дека приклучувањето кон СЕПА претставува значаен чекор за финансиската интеграција и усогласувањето со европските стандарди, при што Народната банка продолжува со активностите за унапредување на платежната инфраструктура преку спроведување на регионалниот проект за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top