Бизнис

Неизвесноста постои, но сепак има надеж, вели Бранко Азески

Колумна на претседателот на Стопанската комора на Македонија – Бранко Азески.

1. Јавни набавки – Во постапките да се обезбеди примена на македонска референца (домашни компании). Особено во набавките кои се обезбедени и финансирани од јавниот буџет.

2. Јавно – приватно партнерство – Да се унапреди и позиционира на највисоко стратешко и институционално ниво.

3. Економска дипломатија – РСМ треба да се фокусира кон економскиот инпакт и кон придобивките за државата и бизнисот од економските активности.

4. Кадровска политика во јавниот сектор – Во именувањето на раководни лица во државните институции кои имаат влијание врз работењето на бизнис секторот, задолжително да биде консултирана бизнис-заедницата.

5. Финансиска дисциплина – Јавниот сектор да ги исполнува своите обврски кон компаниите на ист начин како што приватниот сектор редовно ги подмирува своите обврски кон државата.

Бидејќи е јасно дека нашата земја не може да влијае врз глобалните процеси, а тие станаа редовна појава со влијание на целокупната светска економија (економска криза 2008 г., здравствена криза 2020 г., енергетска криза 2021 г., нафтена криза сега, 2026 г. ), мислам дека е погоден момент барем на домашен план да ги потсредиме работите. На тоа ни кажуваат и резултатите и бројките за првите два месеци од оваа година. Никогаш не сум се срамел да признаам дека се’ што сум научил за почитување на различните мислења, владеење на правото, пазарната економија, сум научил од моите пријатели од Словенија. Во досегашната моја практика патиштата ми се вкрстиле со многу луѓе, меѓу нив и со многу политичари кои имале влијание врз економијата во нашата државата. Морам да кажам дека сите тие имале желба да помогнат во државата. И да надминат одредени состојби кои биле кочница за тој развој.

Изминатиов месец секојдневно сум меѓу бизнисмените било кај нив, било кај мене. Забележителна е нивната загриженост и постојна неизвесност. Но, неизбежни се и нивните прашања.

1. Има ли концепт Владата за справување со вака тежок предизвик?

2. Има ли Владата кадровски капацитет да излезе накрај со овој проблем?

3. Има ли меѓународната заедница доверба во Владата?

4. Има ли суета кај актуелниот премиер?

Преведно на јазикот на бизнисот тоа значи дека неизвесност постои, меѓутоа се’ уште има надеж.

1. Дали Владата има концепт или не, секој може да процени сам. Моите сознанија се дека, Владата и премиерот упорно разговарат, разговараат и разговараат. Со сите субјекти кои што можат да помогнат во оваа ситуација. Меѓу другите, и со членките на Стопанската комора.

2. Кадровскиот капацитет е реален одраз на моќта на партијата и нејзиното искуство. Тоа најдобро ќе го покажат преломните моменти на кризата.

3. Јас мислам дека меѓународна поддршка има, меѓутоа и покрај тоа, мора сите да ги засукаме ракавите. Да ја зголемиме ангажираноста и да ги намалиме трошењата.

4. Мојата суета е поголема од суетата на професор д-р Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РСМ.

Сето ова не вреди ништо, ако јавно не кажам дека најголемата бизнис заедница во државата не направила некој потез со којшто покажува дека може да се надмине себеси. Тоа е ѓаволски тежок процес, бара многу мудрост и знаење. И затоа, сакам јавно да кажам дека трите најголеми бизнис заедници во Македонија ССК, СКСЗМ и СКСМ, потпишаа платформа за заедничко дејствување. И со тоа покажаа огромен капацитет за поддршка на државата во ваквите моменти. Тоа го очекуваме и од сите други субјекти, креатори на економските политики.

П.С. Голема благодарност до Горан Ѓорѓиевски и Нухи Алиу кои ја прифатија мојата идеја да се здружиме околу една платформа и со тоа ги надминаа своите суети. Го охрабрувам премиерот и понатака секој ден да посетува по една фирма и секој месец да посетува по едно бизнис здружение. Упорноста и желбата за дијалог да останат негови најјаки каратеристики. Како што тоа го прави и до сега. Градежништвото, рударството, енергетиката, инвестициите и извозот да се имплементираат, а прашањата за администрацијата, дигитализацијата и елиминиање на корупцијата да се интензивираат.

И, ја поттикнуваме и ѝ подаваме рака на Владата за понатамошна искрена соработка. Се разбира, тоа важи и за опозицијата, академијата, универзитетите, невладините организации и медимите.

Најнови вести од: Бизнис

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

To top