Бизнис

Некогаш Ел Дорадо за гастербајтери станува заситена за странски работници, кризата чука на германските порти

Понудата на работни места на најниско ниво, најмногу се бараат здравствени работници

Бројот на слободни работни места во Германија се намали за 3,9 проценти во вториот квартал од 2026 година, достигнувајќи го најниското ниво во последните повеќе од пет години.

Од 38 анализирани занимања, раст е забележан само во шест – од кои три се во здравствениот сектор.

Податоците од водечкиот портал за вработување покажуваат дека индексот на пазарот на трудот во Германија паднал од 110 на 106 поени во периодот од април до јуни. Во споредба со рекордните нивоа забележани во пролетта 2022 година, во Германија моментално се огласуваат 39 проценти помалку слободни работни места.

Главната причина за овој пад лежи во попесимистичките економски прогнози. Наглиот пораст на цените на енергијата, предизвикан од војната во Иран, го забави закрепнувањето на германската економија, поради што федералната влада ја намали прогнозата за раст на БДП за 2026 година на скромни 0,5 проценти.

Иако вкупниот број на отворени постојани работни места во јуни беше за повеќе од 10 проценти помал во споредба со истиот месец минатата година, обемот на сезонски и летни работни места остана на минатогодишното ниво.

Единствениот сектор во Германија кој целосно отстапува од општиот негативен тренд е здравството.

Особено силно зголемување на побарувачката за работна сила е забележано во стоматологијата (вкупно зголемување од 25,3%). Постои голема побарувачка за стоматолози (+28,2%), стоматолошки асистенти (+26,1%) и специјализанти во оваа област (+29%).

Високо барање е забележано и во другите здравствени сектори:

Терапевтски професии (+3,6%): особено физиотерапевти (+11,5%) и работни терапевти (+7,9%).

Медицинска технологија (+3,6%): најголема побарувачка има за асистенти во операциона сала (+23,6%), оптичари (+21,7%), како и персонал за итна медицинска помош и болничари (+19,2%).

Покрај намалувањето на бројот на слободни работни места, аналитичарите предупредуваат и на забавување на растот на платите. До јуни, годишниот раст на номиналните плати во огласите за работа падна на 2,8 проценти.

Поради скокот на стапката на инфлација во Германија на 2,9 проценти, растот на реалните плати се лизна во негативната зона (од -0,1% на -0,3%). Пред избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, реалниот раст на платите изнесуваше солидни 1,7 проценти. Експертите предвидуваат дека работниците во Германија ќе се борат за какво било реално зголемување на куповната моќ во наредните месеци, пренесува магазинот ,,Економија и бизнис”

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top