Бизнис

Николоски до Крмов: Ако Кина e подготвена да даде бескаматен кредит за Охрид-Кичево, договорете го – ние го прифаќаме

Владата има одбиено бескаматен кредит од НР Кина за Коридорите 8 и 10, а се користи заем од Обединетото Кралство, рече Николоски и додаде дека се работи за изјава што е извадена од контекст, посочувајќи дека таква работа, за жал, не стигнала како понуда до Владата, а да стигнела би ја разгледале многу сериозно.

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, изјави дека до Владата не пристигнала понуда за користење на бескаматен кредит од Кина за финансирање на инфраструктурни проекти, нагласувајќи дека на повикот за финансирање на брзата пруга на Коридорот 10, иако бил отворен за жал не пристигнала ниту една понуда од Кина или кинеска компанија.

На прашање од пратеникот Борислав Крмов од Левица, во однос на изјава од Николоски, дека нашата Влада има одбиено бескаматен кредит од НР Кина за Коридорите 8 и 10, а се користи заем од Обединетото Кралство, Николоски рече дека се работи за изјава што е извадена од контекст, посочувајќи дека таква работа, за жал, не стигнала како понуда до Владата, а да стигнела би ја разгледале многу сериозно.

  • Во моментов со кредит од кинеската Ексим банка се гради автопатот Охрид – Кичево. Гледаме по телевизија промотивни видеа од висечки мостови, подводни, надводни… ама 57 километри од Охрид до Кичево некако тешко им оди да ги завршат. Толку околу компаниите кои што доаѓаат со тие средства. Но, имајќи предвид дека средствата кои се дел од рамката што ја имаме нема да бидат доволни и ќе треба да позајмиме нови средства за да го довршиме, зошто треба сериозна стабилизација на косини. Има 16 ултра критични. Видов дека вчера сте се сретнале со амбасдорката на НР Кина, јас се сретнав минатата недела. Имавме пријатна средба. Ако се навистина спремни да дадат безкаматен кредит, еве за Охрид – Кичево нека дадат. Вие договорете го, ние ќе го прифатиме – изјави Николоски.

Крмов, на тоа реагираше дека ако е точно дека изјавата е извадена од контекст, требало да ја демантира, повикувајќи го да излезе и ја објасни понудата која пристигнала.

Николоски, за средства од Ексим банка, што земјава моментално ги користи, рече дека се најпарадоксалниот кредит, бидејќи државата враќа средства за кредит за проект што се уште не е завршен.

  • Кредити за проекти или инвестициско инвестирање обично почнуваат да се враќаат откако проектот ќе се заврши. Ние сме во една прилично тешка ситуација, каде ЈП Државни патишта заедно со Министерството за финансии враќа средства кон кинеска Ексим банка за проект што не е завршен. Толку од нивната флексибилност, иако неколку пати беше побарано да се продолжи грејс периодот до завршување на проектот, на тоа не се согласија, изјави Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top